1 10,4; 36,1; Соф 1,12 Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог.“ Се развратија луѓето, вршат гнасни дела, нема кој да прави добро.
2102,19Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли некој разумен, кој Го бара Бога.
312,1; 1 Мојс 6,5.12; Рим 3,10-12Сите застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема ниту еден.
479,7; Ис 9,11Зар нема да се вразумат сите злосторници, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не Го повикуваат Господа?
548,5-6; 5 Мојс 28,67Таму тие ќе се тресат од страв, каде што нема страв, зашто Господ е со родот на праведните.
6Вие ги осуетувате намерите на сиромашниот, но Господ е негово прибежиште.
785,1; 126,1-4Ах да дојде од Сион спасение на Израел! Кога Господ ќе ги обнови благословите над Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков, и ќе се развесели Израел.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
