1 Самоилова 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Бог го отфрла Саул

1 9,16; 2 Сам 12,1; 1 Цар 11,29-39; 2 Цар 2,2.4.6 Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те пома­зам за цар над Неговиот народ, над Израел; а сега чуј го гласот Господов.

22 Мојс 17,8-16; 5 Мојс 25,17-19Така говореше Господ Саваот: ‚Ќе го казнам Амалик за она што му го направи на Израел, кога му се испречи на патот додека овој излегуваше од Египет.‘

322,19; 4 Мојс 24,20; 5 Мојс 20,16-18Оди сега и нападни го Амалик и истреби сѐ негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и про­колни сѐ што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.“

4Ис.Н. 15,24Го собра тогаш Саул народот и го преброи во Телаим. Тие беа двесте илјади Израелци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.

5И дојде Саул до градот на Амали­кијците и постави заседа во долината.

627,10; 4 Мојс 10,29-32; Суд 1,16Па им рече Саул на Кенијците: „Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликијците за да не ве погубам со нив, бидејќи вие покажавте благонаклоност спрема сите Израелци кога доаѓаа од Египет.“ И Кенијците се одделија од Амаликијците.

71 Мојс 25,18И Саул го разби Амалик од Хавила сѐ до пределите на Сур, кој се наоѓа пред Египет,

84 Мојс 24,7; Ест 3,1и го зароби жив амаликискиот цар Агаг, и сиот народ го истреби со меч.

9Но Саул и народот го поштедија Агаг и најдобрите овци, волови и згое­ните јагниња, и сѐ што е вредно, не го уништија, а го уништија само она што е лошо и безвредно.

102 Сам 7,4; 1 Цар 12,22; Ис 7,3И дојде слово од Господ кон Самоил:

111 Мојс 6,6-7; 2 Сам 24,16; 1 Цар 9,6-7„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.“ Се натажи Самоил многу, Го повикуваше Господа цела ноќ.

12Ис.Н. 15,55; 2 Сам 18,18А изутрината рано Самоил стана и отиде да го пресретне Саул. И му јавија на Самоил дека Саул отишол на Кар­мил и таму си подигнал споменик, но оттаму се вратил со колата и слегол во Гилгал.

131 Мојс 14,19; 24,31; Суд 17,2; Рута 3,10; 2 Сам 2,5Кога Самоил дојде кај Саул, Саул му рече: „Благословен да си од Господ! Јас го исполнив зборот Господов.“

14Но Самоил рече: „А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови што го слушам?“

15Саул одговори: „Ги дотераа од Амалик, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господ, твојот Бог; а другото го истребивме.“

162 Сам 7,4Самоил му рече на Саул: „Почекај да ти јавам што ми кажа Господ ноќеска.“ А Саул му рече: „Кажувај.“

179,21Тогаш Самоил му рече на Саул: „Зарем не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израеловите племиња, и Господ те помаза за цар над Израел?

18Ер 50,14; Плач 4,22И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘

19Суд 2,11; 4,1; 13,1Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?“

20Саул му одговори на Самоил: „Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликискиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив,

21а од пленот: овците и воловите, на­родот го зеде најдоброто од ограбеното за да Му принесе жртва на Господ, твојот Бог, во Гилгал.“

22Ис 1,11-17; Ер 6,20; Ос 6,6; Амос 5,22; Мих 6,6-8; Мт 9,13; Евр 10,6-9Самоил одговори: „Зар сепалени­ците и приносите повеќе Му се пријатни на Господ, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е по­добра од жртвата, и покорувањето – подобро отколку овнешкото месо;

2313,14зашто непокорноста е исто таков грев, какво што е вражањето, а тврдоглавоста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господ, затоа и Тој те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“

24Изреки 29,25; Ис 51,12-13И Саул му кажа на Самоил: „Згрешив, бидејќи ја престапив заповедта на Господ и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.

25А сега симни го од мене мојот грев и врати се со мене за да Му се покло­нам на Господ.“

2613,14А Самоил му одговори на Саул: „Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли за да не бидеш цар над Израел.“

271 Цар 11,30-31Самоил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.

2813,14; 16,1; 28,17Тогаш Самоил рече: „Денес Господ го одзеде царството Израелово од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.

294 Мојс 23,19; Ез 24,14Светецот Израелов не лаже и не се предомислува, бидејќи Тој не е човек, та да се предомисли.“

30Јн 12,43И рече Саул: „Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израел, и врати се со мене, и јас ќе Му се поклонам на Гос­под, твојот Бог.“

31Самоил се врати по Саул, и Саул Му се поклони на Господ.

32Потоа Самоил рече: „Доведете ми го амаликискиот цар Агаг.“ Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: „Дали е ова горчината на смртта?“

331 Мојс 9,6; Суд 1,7Но Самоил рече: „Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти меѓу жените нека биде лишена од син.“ И го исече Самоил Агаг пред Господ во Гилгал.

347,17; 11,4Самоил отиде во Рама, а Саул отиде во домот свој во Гива Саулова.

3516,1И Самоил веќе не се виде со Саул до денот на својата смрт; но Самоил патеше по Саул. А Господ зажали што го постави Саул за цар над Израел.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help