1 17,1; 86,6 Чуј ја Боже, молитвата моја и не криј се од моето молење;
2погледај ме и услиши ме. Нажален сум во тагата моја
3и збунет сум од гласот на непријателите, од притисокот на грешниците, зашто вршат врз мене беззаконие и со гнев разгоруваат непријателство против мене.
4Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме спопадна;
5Јов 4,14страв и трепет ме сполетаа, и стравотии ме обзедоа.
6И јас реков: „Кој ќе ми даде крилја гулабови, па да одлетам и да се успокојам;
7Ер 9,1; Откр 12,6далеку би отишол и би се сместил во пустината;
8би побрзал да си најдам засолниште од бурата и виорот.
9Ер 5,1; 6,5; Ез 22,2; Соф 3,1Смути ги, Господи, и раздели ги нивните јазици, зашто видов насилство и расправии во градот.“
10Дење и ноќе обиколуваат покрај ѕидовите негови; и во него беззаконие, мака и неправда има;
11а не недостасува ни измама и лукавство по улиците негови.
12Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се сокриев;
1341,9; Ер 9,3.7; Мт 26,21-24но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој,
14со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом!
1549,14; 4 Мојс 16,33; Ис 5,14; Изреки 1,12Смртта нека дојде на нив; да слезат живи во пеколот, зашто пакост има среде нив, во живеалиштата нивни.
16Јас, пак, Бога ќе Го повикам, и Господ ќе ме слушне.
17Дан 6,11Навечер и наутро, и напладне ќе молам и ќе викам, и Тој ќе го чуе гласот мој,
18ќе ја избави во мир душата моја од оние, кои ми се приближуваат, зашто многу ги има што се против мене,
1929,10; 93,2Бог ќе ме чуе и ќе ги понизи; Оној, Кој вечно царува, зашто во нив нема промена; тие не се плашат од Бога.
20Ги креваат рацете свои против оние, со кои живееја во мир, го нарушија Неговиот завет.
215,9; 28,3; 57,4; Изреки 12,18Говорот им е мек како кајмак, а во срцето им е непријателство; зборовите им се како масло, но тие се стрели.
221 Птр 5,7Пренеси ја на Господ маката своја, и Тој ќе те поткрепи. Тој нема да дозволи праведниот човек да пострада.
2325,2; 56,4; 102,24; Ис 38,10; Изреки 10,27Ти, Боже, ќе ги фрлиш во погибелна јама; крвниците и измамниците нема да поживеат ни половина од деновите свои. Јас, пак, во Тебе се надевам!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.