Захарија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Непријателите на Израел ќе бидат казнети

1Пророчкото слово на Господ е против земјата Хадрах, и во Дамаск ќе се задржи, зашто окото Господово ги набљудува сите луѓе, како и сите колена израелски;

2Ез 28,4тоа е и врз Хамат, кој се граничи со него, и врз Тир и Сидон, иако се многу мудри.

3Јов 27,16Тир изградил тврдина, натрупал среб­ро како прашина, и злато како улична кал.

4Ез 27,34; 28,18; Амос 1,10Но, ете, Господ ќе го направи беден и ќе му ја струполи силата негова во морето, а и самиот ќе биде истребен со оган.

5Амос 1,7-8; Соф 2,4Тоа ќе го види Ашкелон, и ќе се уплаши, а и Газа – па и таа ќе затрепери многу, и Екрон, зашто го изневери на­дежта негова: нема да има цар во Газа, и Ашкелон ќе запусти.

65 Мојс 23,3Туѓо племе ќе живее во Ашдод, и Јас ќе ја уништам гордоста на Филис­тејците.

7Ис.Н. 15,63; Ис 4,3; Ез 33,25; Мих 2,12Ќе ја извлечам крвта од устата нивна, нечистотијата од забите нивни и тие ќе паднат пред нашиот Бог и ќе бидат како семеен клан во Јудеја, а Екрон ќе биде како Јевусиј.

8Пс 34,7Ќе поставам стража околу Мојот дом спроти војската, спроти оние, кои преминуваат натаму и наваму, и нема повеќе да доаѓа непријател; зашто сега видов со очите Свои.

Идниот Цар (Месијата)

9 2,14; Ис 62,11; Соф; 3,14-15; Мт 11,29; 21,5 Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој се враќа кај тебе, праведен е и со победоносна сила, кроток, седнат на магаре, рожба на магарица.

10Ис 11,6; Ос 2,20; Мих 5,9; Пс 72,8Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши бојниот лак; и Тој ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од Еуфрат до краиштата на земјата.

Спасение за заробените

11 2 Мојс 24,4-8; Ер 38,6; Мт 26,28 А што се однесува до тебе, Израеле, заради крвта на заветот Јас ги ослобо­див затворените од безводните јами.

12Ис 61,7; Јов 42,10Враќајте се во тврдината вие затво­реници, полни со надеж! Денес навестувам дека ќе ти дадам двојно.

13Ез 27,13; Јоил 4,6Зашто како лак ќе го затегнам Јуда и лакот ќе го вооружам со Ефрем, па ќе ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Јаване, и тебе ќе те направам како меч јуначки.

Господ е Заштитник на Својот народ

14 5 Мојс 33,2; Авак 3,4; Пс 18,14 Ќе се појави над нив Господ и како молскавица ќе излета стрелата Негова; ќе загрми Господ Бог со трубата и ќе дојде на јужните бури.

152 Мојс 27,2; 1 Цар 7,40.45Господ Саваот ќе ги брани, и тие ќе ги газат дури и камењата за праќи; ќе пијат крв место вино; и ќе се наполнат како жртвени чаши, како аглите на жртвеникот.

16Ер 23,1; Ез 34,1; Пс 79,13И ќе ги спаси нивниот Господ Бог во оној ден, како стадо од Својот народ; зашто тие ќе заблескаат како камења на круна во земјата Негова.

17Ер 31,12-13О, колку голема ќе биде добротата негова и каква ќе биде убавината негова! Житото ќе ги расцути момците, а благото вино – девојките.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help