1 100,5; 106,1; 136,1-2 Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Негова е вечна.
2115,9-11; 135,19-20; 136; Лк 1,50Нека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна.
3Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна.
4Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна.
54,1; 18,6.19; 120,1Кога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе.
627,1; 56,4.11; Ис 50,7; 51,11; Рим 8,31; Евр 13,6Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек?
754,5; 112,8Господ ми е помошник: и јас победоносно ќе гледам на непријателите мои.
8146,3Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек.
9Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови.
1022,12; 5 Мојс 1,44Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13Ме турнаа силно за да паднам, но Господ ми помогна.
142 Мојс 15,2; Ис 12,2Господ е крепост моја и сила; Тој стана мое спасение.
1598,1; 138,7; 2 Мојс 15,6Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господ дава сила!
16Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила.
17Ис 38,19; Ер 30,11; 2 Кор 6,9Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата Господови.
18Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
1924,7-10; Ис 26,2Отворете ми ја вратата на правдата: ќе влезам во неа, ќе Го прославувам Господа.
20Ис 1,26; 26,2; Откр 22,14Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
21ќе Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое.
22Ис 28,16; Зах 3,9; 4,6; Мт 21,42; Мк; 12,10-11; Лк 20,17; Дела 4,11; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,7Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник.
23Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши.
24Ова е денот што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.
25Неем 1,11О, Господи, спаси нѐ! О, Господи, побрзај!
26129,8; 134,3; Мт 21,9; 23,39; Мк 11,10; Лк 13,35; 19,37; Јн 12,13Нека е благословен оној, кој оди во името на Господ! Ве благословуваме од домот Господов.
2718,28; 3 Мојс 23,40; Ис 60,1; Неем 8,15Бог е Господ и Тој нѐ осветлува; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот.
2899,5; Ис 25,1Бог мој си Ти и Тебе ќе Те славам; Бог мој си Ти и Тебе ќе Те превознесувам.
29Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Му е вечна.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.