Дела 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Павле и Варнава во Иконија

1Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини по­веруваа.

2А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на нез­набошците против браќата.

33,12; 19,11Но тие сепак останаа тука доста вре­ме и смело говореа за Господ, Кој све­дочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да станува­ат знаци и чуда.

4А народот во градот се раздели: ед­ни беа со Јудејците, а други со апостолите.

5И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,

6тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.

7Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.

Исцелувањето на парализираниот човек. Беседата на Павле во Листра

8Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­ната утроба, не можел да оди никогаш.

93,4Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,

10па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Хрис­тос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.

11А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и изви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“

12И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.

13Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се на­оѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше за­едно со народот да принесе жртва.

14Мт 26,65Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:

153,12; 4,24; 10,26; 17,24; 2 Мојс 20,11; Пс 146,6; 1 Сол 1,9„Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;

1617,30Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта,

17Пс 145,16; Пс 147,8иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“

18И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа),

192 Кор 11,25од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само ла­жат), а кога го придобија народот, го ка­менуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.

20Кога се собраа околу него уче­ни­ци­те, тој стана и се врати во градот. Утре­дента со Варнава заминаа за Дерва.

Враќање во Сирија и Антиохија

21И, откако го проповедаа Еванге­ли­ето во тој град и мнозина придобија за свои ученици, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.

2211,23; 13,43Тие ги зацврстуваа душите на уче­ниците и, храбрејќи ги да бидат истрај­ни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.

231 Тим 3,3Па, откако им ракоположија свеш­теници за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.

24А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;

25и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,

2613,2; 15,40а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.

27По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отворил вратата на верата и за незна­бош­ци­те.

28И таму престојуваа подолго време со учениците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help