1 2,13; Рим 12,1-2; 2 Сол 3,6 И така, браќа, ве молиме и ве заколнуваме во Христос Исус, онака, како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, сѐ повеќе во тоа да напредувате;
24,15 Вие знаете какви пораки ви дадовме од името на Господ Исус.
35,23; 3 Мојс 19,2; Мт 6,10; Рим 6,19; Ефес 1,4; Евр 10,10; 1 Птр 1,16Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство,
41 Кор 6,13.15; 7,2; 1 Птр 3,7и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост,
5Ер 10,25; Пс 79,6а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
65 Мојс 32,35; Пс 94,1и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.
7Јн 17,19; 2 Сол 2,13-14; 1 Птр 1,15-16Зашто Бог не нѐ повика кон нечистота, туку во светост.
8Ез 36,27; 37,14; Лк 10,16; Рим 5,5; 2 Кор 1,22; Гал 4,6; 1 Јн 3,24А кој го отфрла тоа, тој отфрла не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.
9Ис 54,13; Ер 31,33-34; Јн 6,45; 13,34За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг,
103,12; 2 Сол 3,4бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве поттикнуваме, браќа, уште повеќе да напредувате,
11Ефес 4,28; 2 Сол 3,6-12и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме;
12Мк 4,11; 1 Кор 5,12; Кол 4,5да постапувате чесно спрема надворешните и да не зависите од никого.
Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање13 Ефес 2,12 Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж.
14Мк 9,31; Рим 14,9; 1 Кор 15,3-4; 2 Кор 4,14Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него.
15Мт 16,27; 1 Кор 7,10.25; 15,51Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените.
16Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите;
17а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.
18Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.