1 .
21А Матитија, Елифлеху, Микнеја, Аведар, Јеиел и Азазија – на лири, според Шеминит.
22Кенанија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето.
23Варахија и Елкана беа вратари кај ковчегот.
242 Лет 5,12; 7,6Шеванија, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захарија, Ванеја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред ковчегот Божји. Аведар и Јехија беа вратари кај ковчегот.
Пренесување на ковчегот на заветот во Ерусалим(2 Сам 6,12-22)25 Ер 3,16; 2 Лет 4,1; 5,2 И така Давид и старешините израелски и илјадниците отидоа да го пренесат ковчегот на заветот Господов од домот на Аведар со веселба.
264 Мојс 23,1-4.29И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни.
27Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, и пејачите што го носеа ковчегот, како и Кенанија, кој раководеше со свирачите и со пејачите. Давид носеше и ленен ефод.
282 Мојс 19,13; 1 Цар 1,39И така сиот Израел го внесуваше ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејќи на харфи и лири.
29Кога ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
