Ездра 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јешуа и Зоровавел повторно го воспоставуваат богослужението

1 2 Мојс 23,24; Неем 7,72; 8,1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови веќе беа по гра­довите, народот се собра заедно во Еру­салим.

22,2; 2 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5-6; Зах 6,11; 2 Лет 23,18; 4,4; Дан 9,25Тогаш Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и бра­ќата негови, започнаа да Му градат на Бог Израелов жртвеник за да принесуваат на него сепаленици, како што е запишано во законот на Мојсеј, човекот Божји.

3Го поставија жртвеникот врз осно­вите негови, бидејќи се плашеа од соседните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господ, наутро и навечер.

42 Мојс 23,14; 4 Мојс 28,3-8И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, а принесуваа и секојдневни жртви сепаленици во определен број како што беше определено за секој ден.

54 Мојс 28,14; 29,39; Кол 2,16Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господ, како и доброволни приноси на Господ од секој, кој сакаше.

6А од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат сепаленици на Господ. Но на Господовиот храм уш­те не му беа поставени темелите.

71 Цар 5,16-25; 1 Лет; 22,4-5; 2 Лет 2,9.14И почнаа да даваат пари на каме­ноделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци за да донесат кедрово дрво од Ливан по морето во Јафа, со дозвола од Кир, персискиот цар.

84 Мојс 4,3; 1 Цар 6,1; Зах 4,9На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и дру­гите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов.

9И Јешуа, синовите негови и бра­ќата негови, Кадмиел и синовите негови – потомци Јудини – станаа како еден чо­век и ги надгледуваа работниците кај домот Господов, а исто така и синовите на Хенадад, левитите, нивните синови и нивните браќа.

105,16; 6,3; 4 Мојс 10,2; 2 Сам 6,5; Неем 12,35; 1 Лет 16,6; 2 Лет 5,13Кога ѕидарите ги положија осно­вите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да Го слават Господа по уставот на Давид, царот Израелов.

11Ер 33,11; Пс 100,5; 136,1-26; 1 Лет 16,34; 2 Лет 5,13; 2 Лет 7,3И почнаа да Го фалат и слават Господа, пеејќи: „Зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израел е довека.“ И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Госпо­довиот дом.

12Агеј 2,3Меѓутоа, мнозина од свештени­ците и левитите и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, додека се градеше новиот храм пред очите нивни, пла­чеа гласно, а мно­зина и подвикуваа силно од радост.

13Пс 27,6; Јов 8,21И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help