1Кога Амрафел беше шинарски цар, еласарски цар Арјох, еламски цар Кедорлаомер и гоимски цар Тидал,
2сите тие цареви започнаа војна против содомскиот цар Бера, против царот на Гомора Бирша, против царот на Адма Шинав, цевоимскот цар Шемевер и со царот на Бела, односно Сигор.
3Сите тие се собраа во долината Сидим, која сега е Солено Море.
4Дванаесет години му служеа на Кедорлаомер, а во тринаесеттата се побунија.
52 Мојс 17,8; 5 Мојс 2,10Во четиринаесеттата дојде Кедорлаомер и царевите, кои беа со него, па ги поразија Рефаимците во Аштерот-Карнаим, Зузимците во Хам, Емимците во Шаве-Кирјатаим,
6Хоријците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Фаран, што е крај пустината.
7А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мишпат, односно Кадис, и ја опустошија целата област амаликиска, како и Аморејците, кои живееја во Хацацон-Тамар.
8Тогаш излегоа царот содомски и царот на Гомора, царот на Адма, царот цевоимски и царот од Бела, односно Сигор, и појдоа во борба против оние во долината Сидим:
9против Кедорлаомер, царот еламски, и Тидал, царот гоимски, и Амрафел, царот шинарски, и Арјох, царот еласарски; четири цара против пет.
10Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше асфалт. И побегнаа царот содомски и царот на Гомора, и паднаа во нив; а другите избегаа во планините.
11Победниците го зедоа сиот имот на Содом и Гомора и сета храна нивна, па си отидоа.
12Го зедоа и Лот, братанецот Аврамов, кој живееше во Содом, и имотот негов, и си отидоа.
13А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше кај светите дрвја. Мамре, Амореецот, со браќата Ешкол и Анер беа Аврамови сојузници.
14А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан.
15Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гонеше до Хова, кој е северно од Дамаск.
16И го поврати сиот имот и Лот, братанецот свој, со имотот негов, и жените и народот.
17А царот содомски му излезе во пресрет, кога се враќаше, откако го разби Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега Долина на царевите.
18Пс 110,4; Евр 7,1И Мелхиседек, царот шалемски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог,
19па го благослови, велејќи: „Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата!
2028,22Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде Аврам десетти дел од сѐ.
21А содомскиот цар му рече на Аврам: „Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!“
22Но Аврам му рече на царот содомски: „Ја кревам раката своја кон Севишниот Господ Бог, Создател на небото и на земјата,
23дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш – јас го збогатив Аврам,
24освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето што одеа со мене: Анер, Ешкол и Мамре; тие нека го земат својот дел.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.