Даниел Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведУште во својата младост Даниел бил заробен од Вавилонците при падот на Ерусалим и одведен во ропство.Книгата на пророкот Даниел може да се подели на два дела.Во првиот дел (1–6) се опишуваат доживувањата на младите Јудејци, кои зазеле видни места во вавилонската власт. Опишана е нивната верност кон Господ, дури и по цена на нивниот живот. Овој дел завршува со извештај за позицијата на Даниел во Мидиско-Персиското царство, кое претходно ги поразило Вавилонците.Во вториот дел (7–12) Даниел опишува неколку виденија што тој ги имал и објаснувањето за нив дадено од ангелите.Книгата, меѓу другото, има за цел да покаже дека Господ ги контролира настаните низ историјата; дека се грижи и за поединците, кога тие Му се верни и дека еден ден ќе воспостави целосна правда во светот и победа на Неговиот верен народ.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help