Повторени закони 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

„Сакај Го Господа, твојот Бог“

1Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите:

22 Мојс 15,26да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, што ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.

34,1.40; 2 Мојс 3,8И така, чуј Израеле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко.

4Мк 12,29.32; 1 Кор 8,4; Јк 2,19Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ,

510,12; Мт 22,37сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!

6Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце;

7и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш;

8и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои,

9и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски пор­ти.

Израел не треба да Го заборави својот Бог

10Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел,

118,7-14и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш!

12Тогаш пази да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.

13Мт 4,10Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, и во Негово име колни се!

14Не одете по други богови – богови на оние народи, што ќе бидат околу вас;

155,9; 2 Мојс 34,14зашто Господ, твојот Бог, Кој е помеѓу вас, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господ, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Тој од лицето на земјата.

162 Мојс 17,1-7; Мт 4,7Не искушувајте Го Господа, вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса.

17Пазете ги цврсто заповедите на Господ, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што Тој ти ги заповеда;

1812,28; 30,15и вршете го она што е право и добро пред очите на Господ, за да ти биде добро и да влезеш и да ја освоиш добрата земја, која Господ со клетва им ја вети на предците ваши,

19и да ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што велеше Господ.

202 Мојс 12,26; 13,14Ако еден ден синот твој те запраша, велејќи: „Што значат тие заповеди, на­редби и закони, што ви ги заповедал Господ, вашиот Бог?“

215,15Кажи му тогаш на синот твој: „Ние бевме робови на фараонот во Египет, но Господ нѐ изведе од Египет со незапирлива сила,

224,34и покажа Господ знаменија и големи чуда, и поразии против Египет – про­тив фараонот и против целиот негов дом,

23и нас нѐ изведе оттаму, за да нѐ воведе во оваа земја, за која им се заколнал на нашите предци дека ќе ни ја даде.

24И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се плашиме од Господ, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, и да останеме живи, како што сме денес.

25И во тоа ќе биде нашата праведност, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Гос­под, нашиот Бог, како што ни заповеда Тој.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help