Изреки 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Жена – прељубница заведува млад човек

1 2,1; 6,20 Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои.

24,4; 5 Мојс 32,10Пази ги заповедите мои, и ќе жи­вееш; пази го и учењето мое, како зеницата на очите свои.

33,3; 2 Кор 3,3Врзи ги на прстите свои, напиши ги на плочите од срцето свое.

4Кажи ѝ на мудроста: „Ти си ми сестра!“ – и наречи го разумот твој роднина,

52,16; 5,3.20; 6,24за да те пазат од туѓа жена, која збо­рува пријатно.

6Ете, еднаш гледав од прозорецот на куќата моја, низ мојата решетка,

7и видов меѓу неискусните, забе­ле­жав меѓу младите едно неразумно момче,

8кое минуваше преку плоштадот бли­зу до нејзиниот агол и кое одеше по па­тот кон нејзината куќа,

9на квечерина кога се стемнуваше, во ноќната темнина и во мракот.

10Ис 3,16-24; Ез 16,10-14И ете, во пресрет му доаѓа жена, наконтена како блудница, со подмолно срце,

11зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куќи:

12де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици.

13Таа го зграпчи, го бакна и со бес­рамно лице му зборуваше:

14Ез 23,40-44„Жртва за мир имам денес: денес ги исполнив заветите свои;

15затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов;

16со покривки го украсив леглото свое, со разнобојни платна египетски;

17леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин;

18дојди, ќе се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување,

19зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат;

20една ќеса сребро зеде со себе; ќе си дојде дома кон полната месечина.“

21Проп 7,26Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овла­деа.

22Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како елен – на истрел,

23додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за неј­зина погибел.

24И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја.

25Да не скршнува срцето твое по нејзиниот пат, да не талка по патеките нејзини,

26зашто таа многумина смртно ра­нила, и многумина јунаци таа убила.

27Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help