Јов 40 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Јов одговара

1Продолжи Господ и му рече на Јов:

213,3; 23,3; 33,13„Кој се бори со Седржителот, ќе сака ли да поучува? Кој Го напаѓа Бога, нека Му одговори.“

3Му одговори Јов на Господ и рече:

421,5; 29,9; 1 Мојс 18,27„Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја.

5Еднаш говорев, сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеќе не.“

Се смета ли Јов за Бог?

6 38,1 Му одговори Господ на Јов од луњата и му рече:

738,3„Препаши ја како маж половината своја: Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми.

832,2Мојот суд ли сакаш да го со­бориш? Да Ме обвиниш Мене, а себеси да се оправдаш?

937,5Таква ли е твојата рака, како на Бога? И можеш ли како Него да згр­миш со гласот свој?

10Тогаш украси се со величие и сла­ва, облечи се во болскот и велико­лепие;

11Ис 2,12; 42,25; Наум 1,6излеј ја јароста на гневот свој, погледај сѐ што е гордо и смири го;

12Ис 13,11; 63,3погледај ги сите горделиви и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни;

134 Мојс 16,31-34; Ис 2,10-12закопај ги сите во земја и покриј ги лицата нивни со темнина.

14Тогаш и Јас ќе признаам дека твојата десница може да те спаси.

Нилскиот коњ

15 1 Мојс 2,7 Ете нилскиот коњ што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол;

16силата негова е во бедрата негови, а јачината негова – во мускулите на сто­макот негов;

17ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се испреплетени;

18нозете негови изгледаат како бронзени труби; коските негови – како железни прачки;

19тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него;

20горите му принесуваат храна; таму сите полски ѕверови играат;

21тој си легнува под сенчести дрвја, меѓу трски и во мочуриште;

22сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат;

23ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова.

24Ќе го фати ли некој пред очите негови и ќе му го продупчи ли носот негов со кука?

Крокодилот

25 3,8; Ез 29,3-4; Пс 104,26 Можеш ли со јадица да извлечеш крокодил и со врвца да го врзеш за јазикот?

26Ќе вовреш ли алка во ноздрите негови? Ќе ја прободеш ли со шило челуста негова?

27Ќе ти се моли ли многу и ќе ти го­вори ли кротко?

28Ќе направи ли договор со тебе, ќе го земеш ли засекогаш како слуга свој?

29Ќе се забавуваш ли со него како со птичка, и ќе го врзеш ли заради девојчињата свои?

30Ќе го продаваат ли другарите како лов, ќе го делат ли меѓу хананските трговци?

31Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила?

32Стави ја на него раката своја и запомни ја борбата, зашто ќе ти биде последна!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help