1 Ис 25,6-9; Мт 22,1-14; Лк; 14,15-24; 15,22-24; Откр 19,9 Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,
2ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;
3ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:
4„Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече:
5„Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;
6оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.“
Мудриот и безумниот7Кој поучува бесрамник, ќе си спечали укор, и кој го разобличува нечестивецот – срам.
8Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.
9Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење.
10Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Светиот е разум;
11зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на животот.
12Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.
За глупоста13 20,17; Пс 64 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,
14седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,
15за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:
16„Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели:
17„Крадената вода е слатка, и сокриениот леб е – пријатен.“
18И тој не знае дека таму се мртовците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
