1 Летописи 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Освојување на градот Рава(2 Сам 12,26-31)

1 Амос; 1,13-15 По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше оста­нал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.

2И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и ска­поцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И при­лично голем плен изнесоа од градот.

3А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Еру­салим.

Борба против филистејските џинови(2 Сам 21,15-22)

4 1 Мојс 14,5; Ис.Н. 10,33 Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени.

51 Сам 17,7И пак имаше војна со Филистеј­ците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.

6Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прс­тите му беа по шест – вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.

7Тој го навредуваше Израел, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби.

8Тие се беа родиле од Рефаимов­ците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help