1 час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
4 час и направи исто.
6А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘
7Тие му одговорија: ‚Никој не нѐ повика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје.‘ (И што е право ќе добиете.)
83 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘
9И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј.
10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј;
11и штом добија, негодуваа против господарот
12и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘
13А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј?
14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе;
156,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21зар немам право да чинам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, зашто сум дарежлив?‘
1619,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така ќе бидат последните први, а првите – последни; (зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани).“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)17И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече:
187,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт,
1926,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)20 27,56 Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го молеше нешто.
2119,28А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“
2226,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11Исус одговори и им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“
2324,36; 26,39И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“
24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа.
25Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив;
26Мк 10,43-44меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
27Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи;
288,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Исцелувањето на двајцата слепи од Ерихон(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)29И кога излегуваше од Ерихон, по Него врвеше многу народ.
309,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и рекоа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“
31А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“
32Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“
3311,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“
348,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.