2 Самоилова 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Давид и Сива

1 4,4; 9,1-13; 1 Сам 25,18 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доа­ѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино.

217,27-29Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодо­вите – за храна на момците, а виното – за изнемоштените во пустината.“

319,27-29Царот праша: „Каде е синот на господарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Еру­салим и вели: ‚токму сега домот Израелов ќе ми го врати татковото ми царство.‘“

4И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!“

Семеј го проколнува Давид

5Кога царот Давид стигна до Бахурим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Се­меј, син на Гера. Тој одеше и лошо збо­руваше,

6и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.

721,1-9Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику!

8Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“

919,22; 2 Мојс 22,27Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“

1015,25-26; Рим 9,20; 1 Птр 2,23Царот рече: „Што ви е вам, сино­ви Саруеви? Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“

11И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венија­минов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал;

12можеби, Господ ќе погледне милостиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денеш­ното колнење!“

13И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, колне­ше и фрлаше камења и земја кон него.

14И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.

Кушиј се здружува со Авесалом

15 15,37 Авесалом, пак, и сиот израелски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.

161 Сам 10,24; 1 Цар 1,25.31.34.39Кога Кушиј, Давидовиот прв пријател, дојде кај Авесалом, му рече: „Да живее царот!“

17И Авесалом му рече на Кушиј: „Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?“

1815,34Кушиј му одговори на Авесалом: „Не, јас ќе одам по оној што го избра Господ и оној народ и целиот Израел; со него сум и јас, и со него ќе останам.

19И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.“

Авесалом и Давидовите наложници

20 Суд 20,7 И Авесалом му рече на Ахитофел: „Дајте совет што да правиме.“

2115,16; 1 Сам 13,4Ахитофел му одговори на Авеса­лом: „Влези кај наложниците на татко ти што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израелци дека си станал омразен за таткото, и ќе им зацврстат рацете на сите што се со тебе.“

2212,11-12И поставија за Авесалом шатор на покривот, и Авесалом влезе кај налож­ниците на татко си пред очите на сиот Израел.

23А советите што ги даваше Ахитофел, во она време се сметаа, како кога некој би Го допрашувал Бога. Та­ков беше секој Ахитофелов совет како за Давид, така и за Авесалом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help