1Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!
2Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;
3зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напаѓаат силните без престап мој и без грев мој, Господи.
4Изреки 1,11Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај.
57,6Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израелов, разбуди се и казни ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
635,23Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот.
722,16; 55,10И, ете, блујат со јазикот свој; во устата имаат меч, „Зашто, – си велат тие, – кој ќе чуе?“
852,2; 55,21; 57,4; 64,3Но Ти, Господи, им се смееш; им се подбиваш на сите безбожни народи.
92,4; 37,13Сило моја, Тебе те очекувам, зашто Ти си, Боже, мое прибежиште.
10Мојот Бог, ќе ме пресретне со љубов, Бог мој, Кој ми ги покорува моите непријатели.
1154,7Не убивај ги, за да не заборави мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче наш.
12За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејќи само клетви и лаги кажуваат.
13Изреки 12,13; 18,6Истреби ги во гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат дека Бог управува над Јаков и до краиштата на земјата.
1446,9-10; 83,18; Ез 5,13; 6,11; 13,12Навраќаат секоја вечер, завиваат како кучиња, и одат околу градот;
15тие скитаат барајќи храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќите 'ржејќи.
16Јас, пак, со песна ќе ја славам Твојата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше закрила и прибежиште во денот на мојата несреќа.
1717,15Сило моја, Тебе Ти пеам, зашто Ти си закрила, Боже мој, милост моја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
