Филипјаните Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведПрвиот европски град, во кој апостол Павле го проповедал Евангелието е Филипи, кој се наоѓал во римската провинција Македонија, на североисток од Грција. Павле таму основал црква за време на неговото второ мисионерско патување (види Дела 16,12-40). Неколку години подоцна, додека се наоѓал во затвор (според едни во Ефес, а според други во Кесарија или во Рим види Фил. 1,7), апостолот напишал писмо до Филипјаните, проследено со особено срдечен тон. Тој сака да им се заблагодари за подароците што се потрудиле да пристигнат до Павле преку Епафродит, кога тој самиот се наоѓал во неволја. Тој исто така сака да ги охрабри да Му останат верни на Христос и да не дозволат да бидат заведени од лажните науки што се вовлекувале во нивната заедница.На почетокот (1,1-11), Павле ја изразува радоста и благодарноста што ја чувствува кога помислува на христијаните во Филипи. Потоа ги известува за неговата состојба. Соочен со неизвесна иднина, отворено ја искажува својата целосна сигурност, што ја добива од заедништвото со Господ Исус Христос (1,12-26). Тој ги охрабрува Филипјаните да останат цврсти во верата, издржувајќи го испитот на понизноста во духот на служењето кое доаѓа од Исус Христос (1,27–2,18). Со надеж за повторно видување, Павле ги испраќа кај Филипјаните Епафродит и Тимотеј, неговиот придружник, кои ќе ја одржуваат врската меѓу апостолот и Филипјаните (2,19-30).Потоа Павле ги става под присмотра енергично неговите приврзаници наспроти неверните личности на вистинитото Евангелие. Тој ги повикува Филипјаните да се угледаат на неговиот начин на однесување, приближувајќи се смело кон почетокот на новиот живот во христијанството и да станат подобни на Исус Христос (3). Писмото завршува со поттик, заблагодарување и поздрави (4).Ова писмо се нарекува „Писмо на радоста“, зашто таков дух го проткајува посланието од почеток до крај. Оваа радост е поврзана со верата во Христос, чие дело се прославува во химната, односно славословот во 2,6-11.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help