1Спаси ме, Господи, од злобен човек и избави ме од насилници;
218,48; 43,1; 2 Сол 3,2тие смислија зло во срцето свое, секој ден зачнуваат војни;
356,5ги изострија јазиците свои како змија; под устите им е аспидин отров.
458,4; Рим 3,13; Јк 3,8Запази, ме, Господи, од рацете на нечестив човек. Избави ме од луѓе насилници, кои смислија да ми подметнат нога.
5Горделивите тајно поставија стапица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија примка.
635,7; 142,3; Јов 18,10Јас Му реков на Господ: Ти си Бог мој: слушни го, Господи, гласот на моето молење.
731,14; 141,1Господи, Господи, сило на моето спасение! Ти, Кој во денот на битката ја засолни главата моја,
8не давај, Господи, да му се исполни желбата на нечестивиот; не давај да постигнат, што намислија за да не се возгордеат.
9Главата своја да не ја подигнат оние што ме опколија; нека падне врз нив злобата на нивната сопствена уста.
10Изреки 12,13Нека паднат врз нив жарени јаглења; да бидат фрлени во јама, па да не станат.
1111,6; 55,23; 1 Мојс 19,24; 4 Мојс 16,31-32Клеветникот нема да се одржи на земјава; злото ќе го одвлече неправедниот човек во погибел.
12Знам дека Господ ќе покаже правда за угнетените и милост за сиромасите.
13146,7Да, праведниците ќе го исповедаат името Твое, и непорочните ќе се населат пред лицето Твое.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
