Евреите 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Исус е нашиот Првосвештеник

1 1,3; 4,14; Пс 110,1; Дела 2,33 А најважното од ова што го збо­руваме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

29,11.24; 4 Мојс 24,6и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.

35,1.3; 9,14Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа бе­ше потребно и Тој да има што да прине­се.

410,8Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по За­конот

59,2.8.23; 10,1; 2 Мојс 25,40; Дела 7,44; Кол 2,17и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше по­ка­жан на планината.“

67,22А сега Тој доби толку подобра служ­ба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

Промена на Заветот

7 7,11.18-19 Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.

8Ер 31,31-34Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Из­ра­елов и со домот Јудин ќе склучам нов завет,

9но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.

1010,16; 2 Кор 3,3; 6,16Но овој е заветот што ќе му го да­дам на домот Израелов во оние дни, ве­ли Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11Ис 54,13; Авак 2,14И ниеден нема да го учи својот бли­жен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12бидејќи ќе бидам милостив кон нив­ните неправди, а за гревовите и беззако­нијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

13Ер 31,31; 2 Кор 3,14; 5,17А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help