1 Коринтјаните 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Порака за распнатиот Христос

1И јас, браќа, кога дојдов кај вас, не дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво со возвишена беседа или мудрост,

2Гал 6,14бидејќи бев решил да не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот.

32 Кор 10,10; 11,30И јас пристапив меѓу вас со немоќ, и страв, и со голема растрепереност.

44,20; Мт 10,20; Лк 9,1-2; 10,19; Рим 15,19; 2 Кор 6,7; 1 Сол 1,5И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше од уверливи зборови на човечка мудрост, туку во покажувањето на Духот и силата,

5Ефес 1,19; 1 Птр 1,5та верата ваша да не почива на чо­вечката мудрост, туку на силата Божја.

Божјата мудрост

6 15,24.25; Ефес 6,12; Јк 3,13-18 Ние сепак ја проповедаме мудроста меѓу совршените, но не мудроста од овој свет, ниту, пак, онаа на владете­ли­те на овој свет, кои се минливи,

7Ефес 1,9; 3,4.5.9; Кол 1,26-27туку ја проповедаме Божјата муд­рост, сокриена во таинство, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,

8Јн 1,10; Дела 13,27која никој од владетелите на овој свет не ја спознал; зашто, ако ја беа спознале, тогаш немаше да Го распнат Господ на славата.

9Ис 52,15; 64,3Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.“

10Јов 11,7-8; Изреки 20,27; Дан 2,22А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји.

11Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.

12Јн 16,13; Ефес 1,17Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога;

13Јн 14,26па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими.

1415,44-46; Јк 3,15; Јуда 1,19Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита.

1514,24; 1 Јн 2,20Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не може да го испитува.

16Ис 40,13; Ер 23,18; Рим 11,34Зашто, кој го спознал умот Гос­по­дов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help