Исаија 42 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Слугата Божји во Својата благост е светлина за идолопоклониците и водач на заслепениот народ

1 11,2; Мт 3,16; 12,18-21; 17,5; Лк 23,35; Јн 1,32-34; 17,5 Еве го Мојот Слуга, Кого Го поддржувам, Мојот Избраник, љубимецот на душата Моја. Ќе Го по­ложам Духот Свој врз Него, и Тој ќе им донесе правда на народите;

2нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците;

361,3; Јн 8,45; 14,16скршената трска нема да ја здроби, и чадливата ламба нема да ја угасне; ќе суди според вистината;

451,5; 60,9нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, додека на земјата не воспостави правда, народите ќе се надеваат на Неговиот закон.

544,24; Зах 12,1; Пс 89,8Така вели Господ Бог, Кој ги создал небесата и нивното пространство, Кој ја раширил земјата со нејзините производи, Кој му дава здив на народот што е на неа, и дух на оние што одат по неа.

645,13; 49,6-8; Мт 26,28; Лк 2,32; Јн 8,12Јас, Господ, Те повикав во правда, цврсто ќе Те држам за рака и ќе Те пазам, ќе те поставам за завет на народот, светлина за незнабошците,

735,5; Пс; 107,10-14; Лк 1,79; Јн 8,32; Дела 26,18за да им ги отвориш очите на сле­пите, да ги изведеш врзаните од затвор и оние што седат во темнина – од тем­нината.

848,11; Пс 83,18Јас сум Јахве, тоа е Моето име, и не­ма да ја дадам славата Своја на друг, ни­ту честа Своја на идоли.

943,19; 46,10; 48,5-6Ете, претскажаното порано се збидна, и ново ќе ви објавам; пред да стане тоа, Јас ќе ви го објавам.

Славете Го Господа

10 Ер 2,10; Пс 96,1; 107,23; Откр 5,9 Пејте Му на Господ нова песна, по­хвала за Него од земните краишта, вие што пловите по море, и сѐ што го пол­ни, островите и оние што живеат на нив.

112 Цар 14,7Нека издигне глас пустината и нејзините градови, населбите, каде што живеат Кедарци; нека ликуваат оние што живеат во Сала, нека воскликнуваат од врвовите планински.

12Ис.Н. 7,19; Соф 2,11; Пс 66,2Нека Му оддадат слава на Господ, похвалата Негова нека ја разгласат по островите.

1331,4; 2 Мојс 15,3; 4 Мојс 10,35; Суд 5,4-5; Соф; 1,14-15; Пс 68,7Господ ќе излезе како јунак, рев­носта ќе ја побуди како војник; ќе извика и ќе подигне војнички вик; ќе се по­каже силен против непријателите Свои.

Господ ќе му помогне на Својот народ

14 57,11 Долго молчев Јас, трпев и се воз­држував; сега ќе викам како родилка, ќе се забревтам и ќе голтам сѐ.

1519,5; 44,27; 50,2; Пс 107,33Ќе опустошувам планини и ридови, и сета нивна трева ќе ја исушам; реките ќе ги направам острови, езерата ќе ги исушам.

1640,4; 42,19; 2 Мојс 13,21-22Ќе ги поведам слепите по пат, што тие не го знаат, ќе ги водам по нејзини патеки, темнината ќе ја претворам во светлина пред нив, а кривите патеки – прави: ете, што ќе направам Јас за нив, и нема да ги оставам.

171,29; 44,11.17; 45,16Тогаш ќе отстапам и со голем срам ќе се покријат оние, што се надеваат на идоли, кои им велат на идолите: вие сте наши богови.

Непослушен народ

18 6,9-10; 43,8 Слушајте, глуви, и гледајте, слепи, за да видите.

1941,8; Мт 13,9-15Кој е толку слеп како што е Мојот слуга, и глув, како што е Мојот пра­теник? Кој е толку слеп како што е возљубениот, кој е така глув, како што е слугата Господов?

206,9; 44,18Ти си видел многу, но не си забе­лежувал; ушите ти биле отворени, но не си слушал.

215 Мојс 4,1-8На Господ Му било угодно заради правдата Своја да го возвеличи и про­слави законот Свој.

225,29Но тоа е народ поробен и разгра­бен; сите тие се врзани во подземја и со­криени во темници; станале плен, и не­ма спасител, ограбени се, и никој не вели: врати го!

235 Мојс 32,29Кој од вас пројавил слух за тоа, кој внимава и слуша за иднината?

242 Мојс 9,27; 2,5Кој го предаде Јаков на разурнување и Израел – на грабачи? Не е ли тоа Господ, против Кого згрешивме, по Чии патишта не сакавме да одиме и Чиј закон не го слушавме?

259,17-18; Амос 4,6; Плач 2,3А Тој ја излеа врз нив јароста на Својот гнев и стравотиите на војната: Ти ги опкружи со пламен од сите стра­ни, но тие не забележуваа; ги изгоре, но тие ни тоа не го сфатија сериозно.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help