Езекиел 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Страшна осуда Божја над Израел

1И дојде слово Господово до мене:

2„Ти, сине човечки, кажи – така вели Господ Бог – свршеток на земјата израелска; дојде свршетокот на сите четири краишта земни.

3Ете, дојде свршетокот за тебе; и ќе го пратам врз тебе гневот Свој, и ќе ти судам според патиштата твои, и ќе ги натоварам врз тебе сите гадотии.

45,11; Ер 13,14И окото Мое нема да те зажали и нема да се смилувам, но ќе ти платам според твоите патишта, гадотиите твои во тебе ќе останат и ќе разберете дека Јас сум Господ.

5Така вели Господ Бог: несреќа врз несреќа ќе те снајде!

6Свршетокот дојде, дојде свршетокот, се крена против тебе: ете дојде!

7Дојде напаста до тебе, жителу на овој крај, иде време, се приближува денот на смутот, а не на весели повици по планините.

8Ете, наскоро ќе ја излеам врз тебе јароста Своја и ќе го истурам гневот Свој врз тебе, ќе ти судам според твоите патишта и ќе ги натоварам врз тебе сите твои гадотии.

9И окото Мое нема да те пожали, и нема да се смилува. Според твоите патишта ќе ти платам, и твоите гадотии ќе останат во тебе; и ќе разберете дека Јас сум Господ, Кој казнува.

10Ете го денот, еве дојде, настапи напаста, процути стапот, гордоста пупи.

11Ер 16,5-6Силата станува против жезолот на беззаконието: ништо нема да остане од нив, – ни од богатството нивно, ниту од шумата нивна, ниту, пак, од раскошот нивни.

12Дојде времето, настапува денот: купувачу, не радувај се, продавачу не плачи, зашто гневот е врз нив сите.

13Зашто, кој продал, нема да се врати кај продаденото, макар да останал жив; бидејќи пророчкото видение за целото нивно множество нема да се измени, и никој со беззаконието свое нема да го зацврсти животот свој.

14Трубат со трубата и сѐ се готви, но никој не оди во војна; зашто Мојот гнев е врз сето нивно множество.

Казна за гревовите на Израел

15 5 Мојс 32,25 Надвор од куќата – меч, а во куќата – помор и глад. Кој се наоѓа во полето, од меч ќе умре, а кој е во градот, него гладот и поморот ќе го проголта.

16Ис 38,14; 59,11А преживеаните од тоа ќе избегаат и ќе бидат во планините како гулаби од долина; сите тие ќе стенкаат, секој заради своето беззаконие.

1721,12На сите рацете ќе им опаднат, и на сите колената ќе им затреперат.

18Тогаш ќе се опашат во вреќишта и трепет ќе ги опфати; и лицето на сите ќе ги покрие срам и на главите – нивни ќе има ќелавост.

19Соф 1,18Среброто ќе си го исфрлаат по улици и златото нема да го почитуваат. Среброто нивно и златото нивно нема да биде во сила да ги спаси во денот на Господовата јарост. Тие нема да ги наситат со нив душите свои, и нема да ги наполнат утробите свои, бидејќи тоа беше причина за нивниот грев.

2016,17; Ос 2,10И со убавиот накит свој тие се гордееја и правеа уметнички творби за гадотиите свои со идоли; затоа ќе го направам нечисто за нив.

21И ќе го дадам како плен во рацете на туѓинци и на грешници земни, за да го разграбаат, и тие ќе го осквернат.

22И ќе го одвратам од нив лицето Свое и ќе го осквернат Моето свети­лиште; и ќе влезат таму грабители и ќе го осквернат.

23Приготвив вериги, зашто таа земја е полна со крвави злодејства, и градот е полн со насилие.

24Јас ќе доведам најлоши народи и тие ќе ги завладеат домовите нивни. И ќе ставам крај на гордоста кај силните, и ќе бидат осквернети и светињите нивни.

25Иде погибелта; ќе бараат мир и нема да го најдат.

26Ис 29,14; Мих 3,6; Плач 2,9Беда ќе следува по беда и една лоша вест по друга; и ќе бараат од пророкот видение и нема да има поуки кај свеш­тениците и совет кај старците.

27Царот ќе тажи, и кнезот ќе го обзе­ме ужас, и рацете на народот во земјата ќе треперат. Ќе постапам со нив според нивните патишта, според нивниот суд ќе ги судам; и ќе разберат дека Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help