1Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители.
2Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија.
3И отидоа сите да се запишат, секој во својот град.
41,27; 1 Сам 16,1-13; Мих 5,1; Мт 2,1Па така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово,
5Мт 1,18.20; Мк 6,3за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка.
6А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди.
72 Мојс 13,2.12.15; Мт 1,25; Рим 8,29; Кол 1,15; Откр 1,5Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
8Во тој крај имаше пастири, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо.
924,26; Мт 1,20; Дела 12,7; 26,13И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.
101,12-14А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;
111,47; 1 Сам 24,7; Ис 9,5; 45,1; Пс 27,1.9; 62,2.7; Дела 2,36; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 2 Птр 1,1.11; 1 Јн 4,14зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.
121,18; 2 Цар 19,29; Ис 7,14; 38,7Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“
131 Цар 22,19; Пс 148,2И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:
143,22; 19,38; Ез 3,12; Пс 148,1; Мт 21,9; Ефес 2,14-17„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“
15Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.“
16Ис 1,3И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли.
17А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете.
18И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите.
192,51А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое.
205,25-26; Дела 3,8-9И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.
211,31.59; 1 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 1,21А кога се навршија осум дена и Детето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.
Исусовото претставување во храмот22 3 Мојс 12,2-8 И кога се навршија деновите за нивното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ,
232 Мојс 13,2.12.15; 34,20; 4 Мојс 18,15-16како што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ;
243 Мојс 5,7; 12,8и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња.
254 Мојс 11,17; Ис 11,2; 40,1; 42,1; 61,1-2; Ез 11,5А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја очекуваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него.
261 Сам 24,7.11; 2 Сам 1,14.16; Пс 89,48Нему Светиот Дух му беше прорекол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов.
27И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според Законот,
282,20тој Го зеде во своите раце, Го благослови Бога и рече:
291 Мојс 46,30„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој,
303,6; Ис 46,13; 52,10; Пс 98,3; Тит 2,11зашто очите мои го видоа спасението Твое
31Пс 52,8што си го приготвил пред лицето на сите народи;
32Ис 42,6; 46,13; Јн 8,12; Дела 13,47светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израел.“
Претскажувањето на Симеон33А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него.
347,23; 12,51-53; Ис 8,14; Ер 15,10; 1 Кор 1,23; 1 Птр 2,8Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Кого ќе се говори.
3516,15; Мк 7,6-8; Јн 19,25-27; Дела 1,24; 15,8А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“
Пророчицата Ана36 Ис.Н. 19,24 Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.
37Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддалечуваше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.
382,20; Ис 52,9Во тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим.
Враќањето во Назарет39 Мт 2,23 И кога извршија сѐ по Законот Господов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет.
401,80; 2,52; 11,31; Суд 13,24; 1 Сам 2,26А Детето растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.
Дванаесетгодишниот Исус во храмот41 22,1.7-15; 2 Мојс 12,24-27; 23,15; 5 Мојс 16,1-8.16; Јн 2,13.23 И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха.
42А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според обичајот за празникот.
43Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа.
44Мислејќи дека е Тој меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите.
45Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.
46По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува;
474,22; Јн 7,15.46сите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори!
48Мк 3,31-32Кога Го видоа, се зачудија; и Неговата мајка Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.“
49Пс 27,4; Јн 2,16А Тој рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?“
50Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Тој.
512,19И Тој слезе со нив, па дојде во Назарет и им беше послушен. А мајка Му ги зачува сите тие настани во срцето свое.
521,80; 2,40; 1 Сам 2,26; Изреки 3,4Исус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.