1 Ез 24,6 Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.
2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскокнување на бојни коли.
3Ез 39,11-16Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На труповите им нема крај; и се сопнуваат од нив.
4Откр 17–18Сето тоа е за многуте блудствувања на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој заведува народи, а со магиите – племиња.
52,14; Ос 2,5; Ер 13,22.26Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата голотија, и на царствата – срамотиите твои.
6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те направам за срам.
7Ис 51,19; Ер 15,5; Пс 69,20И секој, штом ќе те види, ќе побегне од тебе и ќе рече: „Разурната е Ниневија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“
Судбината на Ниневија е запечатена8Зар си подобра од Но-Амон, кој лежи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.
9Ис 20,5; Ер 46,9; Дан 11,43Етиопија и Египет со безбројно множество луѓе ти служеа како поткрепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош.
10Ос 10,14; Јоил 4,3; Авд 1,11Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени – по сите градски крстосници; а за првенците нејзини фрлија ждрепка, и сите големци се во вериги оковани.
11И ти така ќе се опиеш и ќе се криеш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои.
12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.
13Ис 3,12; 19,16; Ер 50,37; 51,30Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња.
14Зафати си вода за опсадата; зацврсти ги тврдините; влези во кал, гази глина, направи калапи за печење тули.
15Ер 46,23; 18; 1 Цар 22,17; Ер 51,57; Мт 18,12Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како гасеници, па и да сте се намножиле како скакулци.
16Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како скакулците ќе се распрскаат и ќе одлетаат.
17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите – како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле.
18Спијат твоите пастири, царе асирски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере.
19Ер 10,19; 30,12Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за тебе, ќе ракоплескаат, зашто кој можеше да се спаси од твојата сурова свирепост?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.