1Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме,
26,1зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене,
3Јов 6,4; 16,13; Плач 3,12нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој;
4Ис 1,5-6зашто беззаконијата мои ја надвишија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа.
51 Мојс 4,13; Езд 9,6Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое.
6Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам;
735,14; 42,9слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое.
8Исцрпен сум и дотолчен; рикав поради воздишките на срцето мое.
9102,3-5Господи, пред Тебе се сите мои копнежи, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе.
10Срцето засилено ми бие, ме напушти силата моја, и светлината на очите мои, – и неа ја нема во мене.
116,7; 31,10; 88,6Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене,
1231,11; 41,9; 88,8.18; Јов 12,4-5; 19,12-18; Лк 23,49а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за пропаст и секој ден кројат сплетки;
13а јас, пак, како глув не слушам и како нем сум, кој не ја отвора устата своја;
1439,1-2; Ис 53,7станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор,
15зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој.
16Зашто се молам само да не се погордеат над мене; и кога ќе ми се поколебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене.
1713,4; 35,15.19Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене.
1851,4Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој.
1932,5А оние што ми се непријатели без причина се силни, и се намножија оние што неправедно ме мразат,
2035,19; 69,4ми враќаат зло за добро, ми станаа противници, зашто јас сум за добро.
2135,12; 109,3-5Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене;
2222,1.11; 35,22; 71,18побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
