1 2 Мојс 19,9 Тогаш Соломон рече: „Господ беше рекол дека ќе благоволи да престојува во темен облак,
2Пс 135,21; Езд 6,12; 7,15но јас, на Твоето свето име Му изградив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно престојување.“
3И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Израелците – сето собрание на Израелците стоеше,
4па рече: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татко ми Давид, велејќи:
5‚од оној ден, кога го изведов Мојот народ од египетската земја, Јас од ниедно Израелово племе не избрав град за да изградам дом, каде што ќе присуствува името Мое, ниту избрав маж што ќе биде водач на Мојот народ Израел.
62 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5; Ис 14,1Туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да престојува, го избрав Давид, тој да биде над Мојот народ – Израел.‘
71 Сам 10,7; 1 Лет 17,2; Дела 7,46Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом за името на Господ, Бог Израелов,
8но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм за името Мое; добро е, што ти е тоа на срце.
9Меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ќе произлезе од бедрата твои, – тој ќе изгради храм за името Мое.
10И Господ го исполни словото што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давид, седнав на престолот израелски, како што рече Господ, и изградив дом за името Господово, Израеловиот Бог.
115 Мојс 10,2; Пс 25,10Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господ, што го беше склучил со синовите Израелови.“
Молитвата на Соломон(1 Цар 8,22-53)12Па застана Соломон пред жртвеникот Господов, пред сето собрание на Израелците, ги крена рацете –
13Пс 95,6; Неем 8,4зашто Соломон беше направил бакарно подножје, долго пет лакти, широко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето собрание на Израелците, ги крена рацете кон небото –
142 Мојс 15,11; 5 Мојс 7,9и рече: „Господи, Боже Израелов! Нема Бог, сличен на Тебе, ниту на небото, ниту на земјата. Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе со сето свое срце;
151 Лет 22,10Ти го исполни кон Својот слуга Давид, мојот татко, она, што го беше говорел; она, што беше го изрекол со устата Своја, денес го исполни со раката Своја.
162 Сам 7,13; Пс 132,12И сега, Господи, Боже Израелов, исполни му го на Својот слуга Давид, мојот татко, она, што му го рече, велејќи: нема да снема маж, што ќе седи пред лицето Мое на престолот израелски, само ако твоите синови внимаваат на патиштата свои, одејќи по Мојот закон така, како што одеше ти пред Мене.
17А сега, Господи, Боже Израелов, нека се потврди словото Твое, што му го кажа на Својот слуга Давид!
18Ис 40,22; Пс 11,4; Откр 21,3Навистина, Бог ли ќе живее со луѓето на земјата? Ако небото и небесата Твои не Те собираат, дотолку помалку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил.
19Но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе.
202 Мојс 3,16; 5 Мојс 12,11Нека бидат очите Твои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место.
21Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израел, со кои ќе се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се!
22Кога некој ќе згреши против ближниот свој, и ќе побараат од него заклетва, за да се заколне, и таа заклетва биде извршена пред Твојот жртвеник во овој храм,
23Ис 3,11; Мт 16,27тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, подај му на виновникот, и товарејќи му ја постапката негова врз главата негова; а оправдај го правиот, давајќи му според правдата негова.
243 Мојс 26,17Кога Твојот народ Израел ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе и кога тој ќе се сврти кон Тебе, и ќе го исповеда името Твое со молба и молитва пред Тебе во овој храм,
25чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израел и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на неговите предци.
263 Мојс 26,19; 5 Мојс 11,17; 28,24; 2 Сам 1,21Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што згрешил пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, ќе го исповедаат името Твое и ќе се одвратат од своите гревови, затоа што си ги понизил,
27чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израел, покажувајќи им го добриот пат, по кој треба да одат; и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
28Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, некое зло ако се случи или некаква болест,
29секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот народ Твој Израел, кога секој ќе ја почувствува неволјата своја и тагата своја и ќе ги подаде рацете кон Твојот храм,
301 Сам 2,3; Пс 7,8чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на секого според сите патишта негови, како што го познаваш срцето негово, – зашто само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки, –
315 Мојс 6,13; Пс 34,6.8; 103,11за да имаат страхопочит кон Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на нивните предци.
32Дури и туѓинецот, што не е од Твојот народ Израел, кога ќе дојде од далечна земја поради Твоето големо име, Твојата моќна рака и Твојата силна мишка – дојде и се помоли во овој храм,
332 Мојс 12,43чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи сѐ, за кое туѓинецот ќе Те повика, та сите земни народи да го спознаат Твоето име и да имаат страхопочит кон Тебе, како и Твојот народ Израел, и да знаат дека Твоето име се повикува над овој дом, што јас го изградив.
345 Мојс 28,7; 1 Лет 5,20Кога Твоите луѓе ќе излезат во војна против непријателите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, свртувајќи се кон храмот, што го изградив на Твоето име,
35тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
36Ер 13,23; Пс 143,2; Јов 11,12; 15,14Кога ќе згрешат пред Тебе, – зашто нема човек што не греши, – и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја,
37Ис 58,3; Ер 24,7; 29,13кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: ‚згрешивме, направивме беззаконија и неправди‘,
38и се свртат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, свртувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на нивните предци, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив за Твоето име, –
39тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.
407,15; 1 Цар 8,52; Ис 37,17; Пс 17,6; 130,2; Неем 1,6.11Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателни кон молитвата на ова место!
41Ис 33,10; Пс 3,6; 132,8.9.16; 1 Лет 28,2И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите верни чеда да се радуваат во добрините.
42Ис 55,3; Пс 2,2; 132,10Господи Боже, не одвраќај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давид!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.