Еремија 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Господ ќе ја казни Јудеја

1 2,22; 6,7.29; 13,23; Јов 19,24 Гревот на Јуда е напишан со железно длето, со врв од дијамант е врежан врз плочите на срцето нивно и врз роговите на нивните жртвеници,

22,20; Ис 1,29та синовите нивни да се сеќаваат на нивните жртвеници и на нивните свети­лишта покрај зелените дрвја, на високи ридови.

3Мојата гора во полето, имотот твој, и сите твои драгоцености ќе ги преда­дам на разграбување, и твоите идолски светилишта – за твоите гревови во сите твои предели.

45 Мојс 28,48И самиот ти ќе се лишиш од наследството свое, што ти го бев дал, и ќе те пратам во ропство кај твоите непријатели, во земја што ти не ја познаваш, зашто вие го разгоревте огнот на Мојот гнев, кој ќе гори вечно.

Надежта нека ви е во Господ

5 Пс 146,3; 2 Лет 32,8 Така вели Господ: проклет да е чо­векот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ.

6Пс 34,12; Јов 20,17; 39,6Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живее­ње.

7Пс 18,18; 34,9; 84,12; Изреки 16,20Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ.

8Ез 47,12Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не стра­вува кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се пла­ши и не престанува да дава плод.

9Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го раз­бере?

1032,19; Јов 34,21; Евр 4,12-13; Ез 18,30; Ос 12,3Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.

11Пс 39,6; 55,23; Изреки 28,8; Лк 12,20Како еребица што лежи врз јајца што не ги снесла, таков е оној, кој со неправда спечалува богатство; тој ќе го остави во половината од животот свој и на крајот ќе се открие дека е глупав.

Молитвата на Еремија

12Престолот на славата, возвишен уште од почетокот, тоа е нашето свето место!

132,13; 5,19; Пс 36,9Ти си, Господи, надеж Израелова; сите оние, кои Те оставаат ќе се засрамат. „Кој отстапува од Мене нека биде запишан за под земја, зашто Го оставија Господа, изворот на жива вода.“

1431,18; 2 Цар 5,7; Пс 6,2; 103,3; 147,3Исцели ме Господи, и исцелен ќе бидам; спаси ме, и спасен ќе бидам, за­што Ти си моја фалба.

15Еве, тие ми велат: „Каде е словото Господово? Нека дојде!“

161 Сол 2,10Јас не одбегнував да станам пастир кај Тебе и не го посакував кобниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое.

17Не биди страшен за мене, Ти си на­деж моја во ден на неволја.

1815,15; 20,10; Пс 35,4Нека се засрамат гонителите мои, но јас нема да се посрамам; нека затре­перат, а јас нема да затреперам; ис­прати врз нив злочест ден и уништи ги со двојно уништување.

Саботна почивка

19Така ми вели Господ: оди и застани пред портите на синовите народни, низ кои влегуваат царевите јудејски и низ кои излегуваат, и пред сите ерусалим­ски порти,

20па речи им: цареви јудејски, цела Јудејо и сите ерусалимски жители, вие, кои влегувате низ овие порти, чујте го словото Господово.

21Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски,

22и не изнесувајте товар од куќите свои во саботен ден и не вршете никаква работа. Саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им запове­дал на предците ваши,

235,3; 19,5; Соф 3,2кои, пак, не послушаа и не внимаваа, туку станаа тврдоглави, за да не слушаат и да не примаат поука.

24И, ако ме послушате, вели Господ, да не носите товар во саботен ден низ портите на овој град и саботата да ја сметате за света, во тој ден не вршејќи никаква работа,

2518,11; 2 Цар 23,2; Јоил 4,20тогаш низ портите на овој град ќе влегуваат цареви и кнезови, кои ќе се­дат на Давидовиот престол, кои ќе се возат во коли и ќе јаваат на коњи, тие и кнезовите нивни, Јудејци и ерусалимски жители, тогаш овој град ќе биде вечно населен.

26Па ќе доаѓаат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата Венијаминова, од рамнините, од планините и од југ, и ќе принесуваат сепале­ници и жртви, лебен принос, темјан и благодарствени жртви во домот на Господ.

27Ако, пак, не Ме послушате, да го сметате саботниот ден како свет и да не носите товар, кога влегувате низ еру­салимските порти во саботен ден, тогаш ќе запалам оган пред портите негови, и тој ќе ги проголта куќите ерусалимски и нема да угасне.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help