Езекиел 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Господ го осудува идолопоклонството

1И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон горите Израелови и пророкувај против нив,

3и кажи – планини израелски, чујте го словото на Господ Бог. Вака им вели Господ Бог на горите и на ридовите, на долините и на долиштата: ‚Еве, Јас ќе испратам меч врз вас, и ќе ги кутнам вашите идолски светилишта;

43 Мојс 26,30и жртвениците ќе ви бидат опустошени, и столбовите во чест на сонцето ќе бидат искршени, и вашите убиени ќе ги фрлам пред вашите идоли;

5ќе ги поставам труповите на сино­вите Израелови пред нивните идоли, и ќе ги расфрлам коските ваши околу ва­шите жртвеници.

6Ер 10,14; Мих 1,7Насекаде, каде што живеете, градо­вите ќе ви бидат опустошени и идолски­те светилишта разурнати, за да бидат опустошени и уништени вашите жрт­веници, за да бидат разбиени и униш­тени вашите идоли и искршени вашите сончеви столбови, и да ги снема делата од вашите раце.

7Меѓу вас ќе има убиени, и ќе раз­берете дека Јас сум Господ.

8Но Јас ќе го запазам остатокот, така што меѓу народите ќе останат од вас што избегнале меч, кога ќе бидете ра­сеани по земјите.

93 Мојс 26,41; 5 Мојс 30,1-3И преживеаните ваши ќе се сетат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам блудното срце, кое се одметна од Мене, и очите нивни, што блудствуваа меѓу идолите; тогаш тие ќе почув­ствуваат одвратност спрема себеси за злото што го вршеле во сите градови свои;

10и ќе разберат дека Јас сум Господ; и дека не залудо зборував дека врз нив ќе испратам таква беда.‘“

11Вака вели Господ Бог: „Плесни со рацете свои, тропни со ногата своја – тешко за сите поради одвратните зло­дела на домот Израелов; ќе паднат тие од меч, глад и помор.

125,12Кој е далеку, ќе умре од помор, а кој е близу – ќе падне од меч; а оној што ќе остане и избегне, од глад ќе умре; така ќе заврши гневот Мој врз нив.

135 Мојс 12,2; Ер 2,20Ќе разберат дека Јас сум Господ, кога поразените ќе лежат меѓу своите идоли околу жртвениците нивни, на секој висок рид, на секој планински врв, под секое зелено дрво и под секој разгранет даб, таму каде што им принесуваа благопријатни кадења на своите идоли.

14И ќе ја протегнам врз нив раката Своја и ќе ја направам земјата пустина и степа од пустината на југ до градот Дивла на север, насекаде, каде што жи­веат, и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help