1 92,1 Фалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала.
251,19; Ис 11,12; 56,7; Ер 31,10Господ го гради Ерусалим и ќе ги собере расеаните синови на Израел.
3Ис 61,1; Ер 33,6; Јов 5,18Тој ги исцелува скршените по срце и ги преврзува раните нивни.
4Ис 40,26Го определува бројот на ѕвездите и на сите им дава име.
5Ис 40,28Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а разумот Негов – неизмерлив е.
61 Сам 2,7Господ ги подига понижените, а грешниците ги понижува до земја.
7Пејте Му секогаш славословија на Господ: на лира пејте Му на нашиот Бог,
8104,10; Ер 14,22; Јоил 2,23; Јов 5,9-10Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот,
9104,27-28; Јов 38,41; Мт 6,26на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат.
1020,7-8; 33,16-18На коњската сила не гледа Тој, ниту Му е мила брзината на човечките нозе.
11Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат во Неговата милост.
12Слави Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог.
1348,13; 81,16; 3 Мојс 26,6; Ис 65,18-19; Ер 33,10-11Тој ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе;
14го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува;
1529,3-4; 33,9; 107,20; Ис 55,10-11го испраќа на земјата Своето слово; Неговиот збор брзо оди;
16дава снег како волна; сипува мраз како пепел;
17Јов 6,16; 37,10; 38,21фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои?
18Ќе го испрати Својот збор, и сѐ се растопува; ќе дувне со ветрот Свој, и води потекуваат.
195 Мојс 33,3-4Тој му го објави словото Свое на Јаков, Своите повелби и Своите уредби – на Израел.
205 Мојс 4,8; Дела 14,16За никој друг народ Тој не го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
