1 13,3; 14,26; Зах 14,4; Лк 21,37; Јн 8,1; Дела 1,12 И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците,
2Зах 9,9и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господ; и тој веднаш ќе го прати тука.“
4Тие отидоа и го најдоа младото магаре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа.
5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате?“
6А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.
7И го доведоа младото магаре кај Исус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.
8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9Пс 118,25.26; Мт 21,15; 23,39А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што иде во името Господово!
102 Сам 7,16; Пс 148,1; Јов 16,19; Лк 1,32-33Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое иде во името Господово! Осана во висините!“
11И влезе Исус во Ерусалим, во храмот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
Смоквата што не дава плод(Мт 21,18-19)12А утредента, кога излегоа од Витанија, Тој огладне;
13Ер 8,13; Мих 7,1; Лк 13,6и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше времето за смокви.
1411,20И Исус ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.
Исус во храмот(Мт 21,12-17; Лк 19,45-47; Јн 2,13-22)15 11,27; Јн 2,14-15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврте масите на менувачите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16и не дозволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17Ис 56,7; Ер 7,11; Мт 21,13; Лк 19,46; Јн 2,16И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие го направивте како разбојничко гнездо!“
181,22; 6,2; Мт 14,5; 21,46; Лк 22,2И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19Мт 21,17А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.
Лекција за смоквата(Мт 21,20-22)20 11,14 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила!“
22Јн 14,1А Исус им одговори и рече:
239,23; Мт 8,10; 17,20„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24Ер 29,12; Мт 18,19; Јн 11,22Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде.
25Мт 5,23-24; 6,14; Ефес 4,32; Кол 3,13И кога стоите на молитва, простувајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26Мт 6,15; 18,35Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
Исусовата власт(Мт 21,23-27; Лк 20,1-8)27 8,31; 14,43.53; 15,1; Мт 27,41; Дела 4,5 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците и старешините,
28па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?“
29Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
30Мт 3,6Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“
31Мт 21,32; Лк 7,30А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
32Мт 14,5Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јован за вистински пророк.
33И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и рече: „Ни јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.