1 3,19; 4,21; 7,3; Неем 9,10 Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот, зашто Јас му го ожесточив срцето негово и срцето на слугите негови, за да ги покажам овие мои знаци врз нив;
212,26; 13,8; 5 Мојс 4,9; 6,7.20-25; 32,7; Ис.Н. 4,6.21-24; Јоил 1,3; Пс 44,1па да му раскажувам на синот твој и на внукот твој што сторив во Египет, како и за знаците Мои, што ги покажав во него, за да знаете дека Јас сум Господ.“
31 Цар 21,29; 2 Цар 22,19; 2 Лет 34,27И отидоа Мојсеј и Арон кај фараонот и му рекоа: „Еве што вели Господ, Бог на Евреите: ‚До кога ќе одбиваш да Ми се покориш? Пушти го народот Мој да Ми изврши служба!
47,27; 9,2; Јоил 1,4; Наум; 3,15-17; Пс 105,34; Откр; 9,3-11Зашто, ако не го пуштиш народот Мој, еве, утре Јас ќе пратам скакулци во земјата твоја.
59,23; 10,15; Јоил 1,4И тие ќе ја покријат површината на земјата, така што не ќе се гледа копно; и ќе го изедат остатокот, што не го уништи градот; ќе ги изедат и сите дрвја, што ви растат по полето.
69,18; Јоил 2,9И ќе ги наполнат куќите твои, куќите на слугите твои и куќите на сите Египќани – такво нешто не виделе татковците твои, ни прадедовците нивни, откако живеат на земјата па сѐ до денес.‘“ И свртувајќи се, си отиде Мојсеј од фараонот.
7Тогаш слугите му рекоа на фараонот: „До кога овој ќе нѐ измачува? Пушти ги луѓето и нека Му извршат служба на Господ, нивниот Бог. Не гледаш ли дека Египет пропаѓа?“
88,4И ги вратија Мојсеј и Арон пред фараонот, и им рече фараонот: „Одете, послужете Му на Господ, вашиот Бог. А кои се тие што ќе одат?“
93,18Мојсеј одговори: „Ќе одиме и млади и стари, со синовите свои и со ќерките свои, со овците свои и воловите свои ќе одиме, зашто тоа ќе биде празник во чест на Господ.“
10И им рече фараонот: „Така нека биде; нека е Господ со вас. Ќе ве пуштам, но зошто со децата ваши? Ете, лоша замисла имате!
11Не така, туку одете само мажите и извршете Му служба на Господ, зашто тоа самите го баравте.“ И ги истераа откај фараонот.
127,19; Пс 78,43-47; 105,34Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Протегни ја раката своја над земјата египетска и ќе излезат скакулци по земјата египетска, и ќе ја изедат сета трева по земјата, и сѐ што останало неудрено од градот.“
134,17; 8,1.12; 9,23; 10,21-22; 14,16; Пс 105,34И го крена Мојсеј стапот свој над египетската земја и наведе Господ источен ветар, кој дуваше цел ден и цела ноќ; а кога се раздени, источниот ветар довеа скакулци.
145 Мојс 28,38; Јоил 2,1-11; Пс 78,46И ги навеа нив над целата египетска земја, и нападнаа по сите краишта египетски во голем број: такви скакулци никогаш немало, ниту такви ќе има некогаш.
15Амос 7,2; Пс 105,34-35И ја покрија површината на земјата, така што земјата не се гледаше, и ја изедоа сета трева на земјата и сиот род по дрвјата, неудрен од градот, а не остана ништо зелено ниту по дрвјата, ниту по тревата полска во целата египетска земја.
168,21; 9,27Тогаш фараонот брзо ги повика Мојсеј и Арон и рече: „Згрешив пред Господ, вашиот Бог, и пред вас.
178,4; 1 Сам 15,25Но уште овојпат простете ми го гревот мој, и помолете Му се на својот Господ Бог да ја отстрани од мене само оваа смрт.“
188,26И излезе Мојсеј откај фараонот и Му се помоли на Господ.
19И сврте Господ многу силен ветар од запад и тој ги крена скакулците и ги фрли во Црвеното Море; и не остана ниту еден скакулец во целата египетска земја.
204,21Но Господ го ожесточи срцето на фараонот и тој не ги пушти синовите на Израел.
Деветта казна: мрак21 5 Мојс 28,29; Пс 105,28; 18,4; Откр 16,10-11 И Господ му рече на Мојсеј: „Крени ја сега раката своја кон небото, и ќе настане темнина по египетската земја, толку густа што не ќе може да се допира.“
22Пс 105,28; Откр 16,10И Мојсеј ја подигна раката своја кон небото, и настана густа темнина по целата египетска земја, која потраја цели три дена.
238,18Луѓето не се гледаа еден со друг и никој не се поместуваше од местото свое три дена. Но по местата, каде што живееја синовите израелски, имаше виделина.
248,4; 10,8-10; 1 Мојс 45,10Тогаш фараонот го повика Мојсеј, и му рече: „Одете, извршете Му служба на Господ; само овците ваши и воловите ваши нека останат, а децата ваши нека одат со вас.“
2518,12; 1 Мојс 8,20Но Мојсеј рече: „Не, зашто ти треба да нѐ снабдиш со приноси и жртви сепаленици, што ќе ги принесеме на Господ, нашиот Бог.
26Затоа и добитокот наш нека оди со нас, да не остане ниту едно грло; зашто од него ќе земеме жртва за Господ, нашиот Бог; но, додека не пристигнеме таму, не знаеме каква жртва ќе Му принесеме на Господ.“
274,21И Господ пак го отврдна срцето на фараонот и тој не сакаше да ги пушти.
28И фараонот му рече: „Истави се од пред мене, повеќе да не ми излегуваш пред очи! И оној ден кога ќе ми дојдеш пред очи, ќе загинеш.“
2911,8А Мојсеј рече: „Како што рече, така и ќе биде; нема повеќе да ти го видам лицето.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.