Јов 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Крај на Јововиот говор: тврди дека не е виновен ниту пред Бога, ниту пред луѓето

1„Завет направив со очите свои за да не погледнам на девица.

227,13Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата?

3Нели е за нечесниот погибелта? Не­ли е за злочинецот злото?

426,6Не ги виде ли Тој патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори?

527,6Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство;

6Пс 7,8; 17,2; Изреки 16,2; 21,2нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ќе ја дознае мојата непо­рочност.

7Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се зале­пило за рацете мои,

83 Мојс 26,16јас нека сејам, а друг да јаде, и по­томците мои искоренети да бидат.

9Изреки 6,25Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој;

10жената моја нека му меле на друг, и со друг нека ја дели постелата своја,

115 Мојс 22,22; Изреки 6,32зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд;

12Изреки 6,27тоа е оган што гори до истребување што би го уништил целиот мој имот.

132 Мојс 21,2-3; 3 Мојс 25,39-43Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене,

14што ќе правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ќе можев да Му одговорам?

15Изреки 17,5; 22,2Нели Тој, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво нѐ обликувал во утробата?

16Ис 58,7Сум ја одбил ли молбата на оној што имал потреба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица?

17Сам ли го јадев залакот свој, и не јадеше ли и сиракот од него?

1829,16Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и секогаш сум му помагал на сиромашниот.

19Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, –

205 Мојс 24,13бедрата негови нели ме благо­словуваа и тој нели беше стоплен со волната од овците мои?

21Пс 82,3Ако сум кренал рака врз сирак, кога ќе видев дека имам потпора пред портите,

22рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот,

23Пс 119,120зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам.

24Пс 49,6; 52,9; Мт 6,24Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж?‘

25Изреки 11,28Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу?

265 Мојс 4,19; 17,3Гледајќи го сонцето како свети и месечината како величествено оди,

27Ер 8,2; Ез 8,16се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја?

28Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот.

29Изреки 24,17; Мт 5,44Се радував ли за неволјата на непријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло?

30Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова.

31Ис 58,10Не велеа ли луѓето од мојот шатор: ‚О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘

321 Мојс 19,2; Суд 19,20Туѓинец не ноќеваше на улица; вратата своја ја отворав на патникот.

33Изреки 28,13Да ги криев грешките свои како многу луѓе и да ги таев во градите своите престапи,

34Изреки 29,25ќе се плашев од големото мнош­тво, и од сонародниците свои ќе имав страв, па затоа ќе молчев и не ќе излегував надвор од вратата своја.

3513,17.22; 19,23О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Седржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа;

3613,18ќе го носев на рамениците мои и ќе се украсував со него како со венец;

37ќе му го соопштев бројот на чекорите свои, ќе се приближев до него како кнез.

38Авак 2,11Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене,

39Ер 22,13ако сум им ги јадел плодовите нив­ни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците,

401 Мојс 3,18тогаш место жито нека расте трње и место јачмен – какол.“ Зборо­вите Јовови свршија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help