1 16,28; 17,9 Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против сѐ што е умно.
212,23; 13,16Безумниот не сака знаење, туку само да ги изложи своите мисли.
312,8Со доаѓањето на нечесниот, доаѓа и презирот, а со недостојниот – доаѓа и срамот.
420,5; Јн 7,38Зборовите на човечката уста се длабоки води; извор на мудроста – брзотечен поток.
524,23; 28,21; 3 Мојс 19,15Не е добро да бидеш лицемерен кон безбожниот, за да го собориш праведниот во судот.
619,29Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат тепачка.
710,14; 12,13; 13,3Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за душата негова.
826,22Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие влегуваат внатре во утробата.
910,4; 28,24Немарниот во работата своја е брат на расипникот.
1014,26Името на Господ е цврста кула: ако во неа побегне праведник, безбеден е.
1110,15Имотот на богат човек е како тврдина и во мислите му е како висока ограда.
1211,2; 16,18Пред паѓање срцето на човекот се возгордејува, а смиреноста оди пред славата.
1320,25Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е; тоа е срам за него.
1415,13; 17,22Духот на човекот го поткрепува во немоќ, а скршен дух – кој може да поткрепи?
1515,14Срцето на разумниот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара поука.
1617,8; 21,14Подарокот што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува.
1725,8Првиот по тужбата си е прав, но доаѓа противникот негов и го порекнува.
1816,33Ждрепката прекинува расправии и решава спор меѓу силните.
1925,15Навреден брат е понепристапен од утврден град, а караниците понепопустливи од затварало на кула.
2012,14; 13,2Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува.
2112,13; 13,3Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ќе вкусат од плодовите негови.
2212,4; 19,14Кој нашол жена, нашол среќа и добил благодат од Господ.
2322,7Сиромавиот говори со молба, а богатиот одговара остро.
2417,17Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
