1 27,20; 1 Кор 5,1 Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова.
Луѓе кои не се примаат во заедницата Господова2 3 Мојс 21,17-23; Ис 56,3-7; Мт 19,12 Оној што е скопен или е со исечен полов орган не може да влезе во општеството Господово:
3ниту син на блудница не може да се прими во Господовата заедница – ни тој, ни неговите потомци до десетто колено.
4Неем; 13,1-3Амонец и Моавец не смее да влегува во заедницата Господова; а нивните потомци да не се примаат во Господовата заедница и по десетото колено, довека,
5затоа што тие не ве пресретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Беоровиот син, од Петор во Горни Арам, за да те проколне.
6Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаам и ја сврте Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејќи Господ твојот Бог те засака;
7не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека.
8Не гнаси се од Едомец, бидејќи тој е твој брат; не гнаси се од Египќанин, зашто ти беше дојденец во земјата негова.
95,9Потомците нивни, родени во трето колено, можат да бидат примени во Господовата заедница.
Чистотата на логорот10Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од сѐ што е лошо.
113 Мојс 15,16-17Ако кај тебе има некој нечист поради ноќна случка, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во него;
12а вечерта да се измие со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот.
13Ти треба да имаш место надвор од логорот, каде што ќе одиш да ги извршуваш своите физиолошки потреби;
14покрај своето оружје, ти треба да имаш и лопатка; па кога ќе одиш таму надвор, ископај со неа јама и потоа покриј ја нечистотијата своја,
157,6бидејќи Господ, твојот Бог, престојува во логорот твој, за да те избавува и да ги предава непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Тој кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе.
Роб во бегство16 1 Сам 30,11-15 Не предавај го робот на неговиот господар, кога ќе избега кај тебе од господарот негов;
17нека живее со тебе, меѓу вас во секое место, што ќе му биде угодно; не го притеснувај.
Сакралното блудство18 1 Мојс 38,21-22 Блудница од израелските ќерки да нема, и блудник да нема од синовите на Израел.
191 Цар 14,24; 15,12; 2 Цар 23,7; Ос 4,14Во домот на Господ, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, за никаков завет, тоа е одвратност пред Господ, твојот Бог.
За заемот со лихва20 2 Мојс 22,24 Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва;
21на туѓинец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш.
Заветите22 4 Мојс 30,3; Изреки 20,25; Проп 5,3-5; Мт 5,33; Дела 5,4 Ако Му дадеш завет на Господ, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ќе го побара од тебе и врз тебе ќе падне грев;
23ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев.
24Она што ќе излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејќи со образ си Му ветил дар на Господ, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја.
Правото да се скинат неколку плодови25„Кога ќе влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но во садот свој не клавај.
26Мт 12,1Ако влезеш во нивата на ближниот свој, скини класја во рацете свои, но со срп да не жниеш.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.