Повторени закони Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведНа крајот од книгата Броеви ни е претставено доаѓањето на израелскиот народ во ветената земја. Книгата Повторени закони претставува нејзино продолжение во содржинска смисла, скоро целосно е посветена на трите говори на Мојсеј упатени кон Евреите (1,1–4,43; 4,44–28,68; 28,69–30,20). Во нив Мојсеј нѐ потсетува на делата што Бог во Својата бескрајна љубов ги извршил во полза на Својот народ: Тој склучил со него сојуз, го водел четириесет години низ пустината, го штител од неговите непријатели и му ги соопштувал Своите заповеди и ветувања. Сепак не станува збор само за обично повторување на законите и прераскажување на настаните опишани во претходните книги. Мојсеј тука зборува како ревносен проповедник кој со жар ги повикува своите слушатели да си спомнат за верноста на Бога и да живеат во постојано општење со вистинскиот Бог: „Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои!“ (6,4-5, цит. во Мт 22,37).Последните четири глави од книгата содржат две поетски творби и два расказа: од една страна „Песната Мојсеева“ (32) и последниот „Мојсеев благослов“ упатен кон дванаесетте израелски колена (33), и од друга страна расказот за поставувањето на Исус Навин за наследник на Мојсеј (31) и расказот за смртта на Мојсеј (34).Во книгата Повторени закони лежи, најверојатно, таа „Книга на законот“, која е најдена во ерусалимскиот храм во времето на цар Јосија (2 Цар 22) и го поттикнала овој јудејски цар да ја изврши познатата религиозна реформа. Во неа, се забележуваат одгласи од неговата порака не само во повеќе книги на Стариот завет (Царства, Еремија), туку и во новозаветниот библиски текст (на пр. Мт 4,4-10; Мк 12,32).Во книгата Повторени закони се потсетуваат читателите дека среќата кон која се стреми секој човек се наоѓа во верноста кон Бога – Спасителот и Избавителот, на секое место и во сите можни околности.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help