Судии Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведСобитијата од книгата Судии Израелови се однесуваат на еден период полн со немири, кој трае од вселувањето на Израелците во Ханан, па до воспоставувањето на царството и царската власт. Централниот дел на оваа книга ги прикажува подвизите на еден одреден број судии, или, пак, само накратко го прикажува нивниот живот. Оттука произлегува и самиот наслов на книгата; судиите се луѓе, кои правото на владеење го добиле лично од Бога, а нивните овластувања се протегаат не само во областа на правото, туку и многу пошироко. Таквите луѓе имаат должност да управуваат со народот, или пак да го избават племето или повеќе племиња кога тие се во неволја. Книгата Судии Израелови е составена од три основни дела:Првиот се однесува на настаните кои го одбележуваат доселувањето на Израелците во Ханан, сѐ до смртта на Исус Навин (1,1–2,10).Вториот дел суштински покажува како Бог го ослободува Својот народ, одбирајќи и испраќајќи луѓе кои конкретно го остваруваат тоа ослободување (2,11–16,31).Третиот дел донесува две епизоди со кои се истакнува беззаконието кое владее меѓу израелските племиња во преодниот период пред да започне времето на царевите (17–21).Според оваа книга, она што му се случува на Израел зависи од неговиот однос кон Бога. Сѐ додека тој Му е неверен, Бог допушта угнетување од соседите и од припадници на локалните племиња, но кога Му се обраќа и Го повикува на помош, Бог го избавува.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help