Псалми 96 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 96Похвална песна Давидова

1 33,3; 98,1; Ис 42,10 Запејте Му на Господ песна нова, за­пеј Му на Господ, цела Земјо!

2Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него;

398,2; 105,1разгласувајте ја меѓу народите сла­вата Негова, и на сите народи – чудесата Негови;

448,1; 95,3; 145,3зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите бо­гови.

533,6; 97,7; 115,4-8; 121,2; 134,3; 135,15-18; Ис 40,17-20; 41,23; 48,4-6; Ер 10,2-5; 1 Кор 8,4-6; 1 Мојс 1,1; 2 Мојс 20,11; Ис 40,22; 40,24-25; 45,17Бидејќи сите богови на незна­бош­ците се идоли, а Господ ги создаде небесата.

6104,1Слава и величие се пред лицето Не­гово, сила и великолепие – во светилиш­тето Негово.

729,1-2Воздајте Му на Господ, племиња на­родни, воздајте Му на Господ слава и чест;

8воздајте Му на Господ слава на име­то Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови;

9114,7поклонете Му се на Господ во све­тите дворови Негови. Да затре­пери пред лицето Негово целата Земја!

109,8; 93,1; 97,1Кажете им на народите: Господ се зацари! Затоа цврста е вселената, нема да се разниша. Тој управува пра­ведно со народите.

1198,7; Ис 44,23; 49,12Нека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;

12Ис 55,12нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,

139,8; 98,9пред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help