Псалми 103 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 103Благословувајте Го Господа

1 104,1.35; 146,1 Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име!

2Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној,

332,1-2; 78,38; 2 Мојс 15,26Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести;

486,13; 107,20; Јов 33,18Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини.

5Ис 40,31Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост.

6Господ им дава милост и правда на сите угнетени.

7Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои.

886,15; 145,8; 2 Мојс 20,5-6; 4 Мојс 14,18; 5 Мојс 5,10; Јоил 2,13; Јона 4,2; Неем 9,17; Јк 5,11Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив;

9Ис 57,16; Ер 3,4-5.12; Јоил 2,13; Јона 4,2Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути.

10Ез 20,44Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија;

1136,5; 57,10; 117,2; Ис 55,9зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него;

12Мих 7,19колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи;

13145,9; Ер 31,20; Мал 3,17како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

1422,29; 90,3; 104,29; 1 Мојс 2,7; 3,18; Ис 40,7-8; Јов 10,9; Проп 12,7Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав.

1590,5-6; 102,11; Ис 40,6-7; 51,11; Јов 14,2Дните на човекот се како трева; ка­ко полски цвет, така прецутува тој;

1637,36; Јов 7,10; 8,17ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети.

1725,6; 100,5; Лк 1,50А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда,

185 Мојс 33,9кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови.

1911,4; 22,28; 47,8; 145,11-13; Ис 66,1; Авд 1,21Господ го поставил Својот прес­тол на небото, и царството Негово владее над сѐ.

20148,2; Лк 1,19Благословувајте Го Господа – сите ангели Негови, вие крепки по сила, кои го извршувате Неговиот збор, слушајќи го гласот од зборот Негов;

21148,2благословувајте Го Господа – сите Негови војски, Негови служители, кои ја исполнувате волјата Негова;

22145,10благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Него­вото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help