Михеј Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведПророкот Михеј му бил современик на пророкот Исаија. Пророкувал во периодот од 740 до 700 година пр. Христос. Тој потекнува од еден мал град во Јудеја. Неговата порака се однесува конкретно за Самарија – главниот град на Израел и за Ерусалим – главниот град на царството Јудеја.Наместо да го водат народот во верност кон Господ, водачите во обете царства ги вовеле луѓето во идолопоклонство, во измами и ограбувања на сиромасите. Затоа, Господ им навестува казна и на Јудејците, и на Израелците. Воедно, Господ им објавува дека, во иднина, народите на Јудеја и на Израел ќе се вратат кај Господ. Тогаш Тој и од Него избраниот цар ќе се грижат за наро­дот како што пастирот се грижи за своите овци.Важни моменти во оваа книга се најавите за сеопшт мир под Божјо водство (4,1-4) и претскажувањата за Великиот Цар (Исус Христос), Кој ќе произлезе од семејната лоза на царот Давид (5,2-5). Тоа што Бог го очекува од луѓето е убаво искажано во еден единствен стих (6,8).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help