1 Летописи Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вовед Првата и Втората книга Летописи кај Евреите се сметале за една книга, која била поделена на два дела, од проста причина што текстот не можел да се собере на еден свиток. Овие две книги ја опишуваат историјата на Израел од времето на Адам, па сѐ до присилното иселување во Вавилон.Главна личност во оваа книга е царот Давид. Тој го претворил Ерусалим во центар, каде се славел Господ Бог. Нему му се припишува и заслугата за изградбата на храмот во Ерусалим, иако всушност бил изграден од неговиот син Соломон. Царот Давид, исто така, многу успешно го организирал и политич­киот и верскиот живот во Израел.Голем дел од Првата книга Лето­писи содржи имиња и родословија од Адам, па сѐ до царот Саул – претходникот на Давид (1–9). По смртта на Саул (10), преостанатиот дел од оваа книга (11–29) главно е посветен на животот и владеењето на царот Давид. Опишани се детали од неговата младост, судирот со царот Саул, седумипол годишното владеење на Давид во градот Хеврон, преместувањето на престолнината во Еруса­лим, епизодата со Витсавеја, бунтот на неговиот син Авесалом итн. Во завршниот дел на оваа книга (21–29 глава) опишани се подготовките на Давид за изградбата на храм во Ерусалим и упатствата што тој му ги дал на својот син и престолона­следник Соломон.Во оваа книга Давид е посочен како пример на верност и послуш­ност кон Господ. На крајот од своето владеење, Давид Му оддава јавна благодарност на Господ и Го прославува пред целиот народ (29,10-12).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help