Исус Навин 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пределите на Симеон

1 1 Мојс 49,5-7; 1 Лет; 4,28-33 Втората ждрепка падна за Симеон, за племето на Симеонови­те синови, според родовите нивни; и наследството нивно беше меѓу делот на Јудините синови.

2Во делот нивни беа: Вирсавија, Сева и Молада,

3Хацар-Шуал, Бала и Ецем,

4Елтолад, Бетул и Хорма,

5Циклаг, Бет-Маркавот и Хацар-Су­са,

6Бет-Леваот и Шарухен: тринаесет градови со селата нивни;

7Ен-Римон, Етер и Ашан: четири гра­да со селата нивни,

8и сите предградија околу тие гра­дови дури до Ваалат-Беер и Ра­мат-Негев. Тоа е делот на племето на Симеоновите синови, според родовите нивни.

9Ез 48,24Од делот на Јудините синови се од­дели наследство за племето на Симео­новите синови; бидејќи делот на Јуди­ните синови беше многу голем за нив, затоа Симеоновите синови добија нас­ледство меѓу нивниот дел.

Пределите на Завулон

10 1 Мојс 49,13; 5 Мојс 33,18-19; Суд 1,30 Третиот дел им се падна на Заву­лоновите синови, според родовите нив­ни и границата на нивниот дел се прос­тираше до Сарид;

11границата нивна излегува кон морето и Марала и допира до Дабешет и потокот, што е пред Јокнеам;

12од Сарид оди назад кон исток, каде што изгрева сонцето до границата на Кислот-Тавор; оттука продолжува кон Даверат и излегува кај Јафија;

13оттаму минува на исток кон Гат-Хе­фер и Ет-Кацин, и оди кон Римон, свртувајќи кон Неа;

14од север границата свртува кон Ханатон и завршува во долината на Јифта-Ел;

15понатаму таа ги опфаќа: Катат, Нахалал, Шимрон, Јидала и Витлеем: дванаесет градови со селата нивни.

16Ез 48,26Тоа е наследството на Завулоновите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.

Пределот на Исахар

17 1 Мојс 49,14-15; 5 Мојс 33,18-19 Четвртата ждрепка падна на Иса­хар, за Исахаровите синови, според родовите нивни;

18нивната граница беше: Јизреел, Кесулот и Сунем,

19Хафараим, Шион, Анахарат,

20Рабит, Кишјон и Евец,

21Ремет, Ен-Ганим, Ен-Хада и Бет-Пацец;

22границата допира до Тавор, Ша­хацима и Ветсамис и завршува кај Јордан: шеснаесет градови со селата нивни.

23Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.

Пределот на Асир

24 1 Мојс 49,20; 5 Мојс 33,24-25; Суд 1,31-32 Петтата ждрепка падна за племето на Асировите синови, според родовите нивни;

25нивна граница беа: Хелкат, Хали, Бетен и Ахшаф,

26Аламелех, Амад и Мишал; границата се ближи до Кармил откај запад и до Шихор-Ливнат.

27Потоа оди назад на исток кон Бет-Дагон, допира до територијата на Завулон и до долината Јифта-Ел, потоа оди на север кон Бет-Емек и Неиел и продолжува кон Кавул,

28Авдон, Рехов, Хамон и Кана, сѐ до големиот Сидон;

29потоа границата се враќа кон пределот на Рама до утврдениот град Тир, свртува кон пределот Хоса и завршува кај морето, во гратчето Ахзив;

30понатаму ги опфаќа: Ако, Афек и Рехов: дваесет и два града со селата нивни.

31Ез 48,2Тоа е делот на племето на Аси­ровите синови, според родовите нивни – градовите со селата нивни.

Пределот на Нефталим

32 1 Мојс 49,21; 5 Мојс 33,23; Суд 1,33 Шестата ждрепка се фрли за Нефталим, за синовите Нефталимови, според родовите нивни.

33Границата нивна оди од Хелеф од дабовата гора во Цаананим кон Адами-Некев и Јавнел, дури до Лакум и завршува кај Јордан;

34оттука границата свртува на запад кон Азнот-Тавор и оттаму оди кон Хукок, и допира до Завулон од југ, допира и до Асир, од запад, и до Јуда кај Јордан, откај источната страна.

35Утврдени градови беа: Цидим, Цер, Хамат, Ракат и Кинерет,

36Адама, Рама и Асор,

37Кедес, Едреи и Ен-Асор,

38Јирон, Мигдал-Ел, Хорем, Бет-Ан­ат и Ветсамис: деветнаесет градови со селата нивни.

39Ез 48,3Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови, според родо­вите нивни – градовите и селата нивни.

Пределот на Дан

40 1 Мојс 49,16-17; 5 Мојс 33,22 За племето на Дановите синови, според родовите нивни, се фрли седмата ждрепка.

41Границите на нивниот дел беа: Цора, Ештаол и Ир-Шемеш

42и градовите: Шаалабин, Ајалон и Јитла,

43Елон, Тимната, Екрон,

44Елтеке, Гибетон и Ваалат,

45Јехуд, Бене-Берак и Гат-Римон,

46Ме-Јаркон и Ракон, со областа око­лу Јафа.

47Суд 1,34; 18,7-16.27; 18,29Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеаја градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан.

48Тоа е наследството на племето на Дановите синови, според родовите нивни – градовите и селата нивни.

4924,30; Суд 2,9Откако заврши делбата на земјата, според границите нејзини, синовите Израелови му дадоа меѓу нив наслед­ство и на Исус, синот Навинов:

50по заповед на Господ му го дадоа градот што го побара: Тимнат-Серах, на Ефремовата Гора; и тој го обнови градот и се всели во него.

51Тоа се наследствата што свеште­никот Елеазар, Исус, синот Навинов, и родоначалниците на племињата им ги разделија на синовите Израелови, со ждрепка, во Силом, пред Господ, пред влезот во скинијата на собранието. И завршија со поделбата на земјата.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help