1 Кол 3,20-21 Вие, деца, бидете им послушни на родителите свои, во името на Господ, зашто тоа е праведно.
22 Мојс 20,12; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4„Почитувај ги својот татко и својата мајка!“ – тоа е првата заповед со ветување,
3„За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“
45 Мојс 6,7.20-25; Изреки 19,18; Кол 3,21И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
Слуги и господари5 Тит 2,9; 1 Птр 2,18 Кол 3,22–4,1 Вие, слуги, бидете послушни кон вашите земни господари со страв и трепет, во простота на срцето, како кон Христос,
6не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, извршувајќи ја волјата Божја од срце,
7драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,
82 Кор 5,10знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ според доброто, што го направил.
95 Мојс 10,17; Кол 3,25; 4,1А и вие, господарите, исто така, однесувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!
Оружјето што ни го дава Бог10 Кол 1,11 Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!
11Рим 13,12; 2 Кор 6,7; 10,4; 1 Сол 5,8Облечете се во сето оружје Божјо за да се одржите против ѓаволското лукавство;
122,2зашто нашата борба не е против крв и тело, туку против началствата, против властите, против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.
13Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите.
14Ис 11,5; 59,17; 1 Сол 5,8И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на праведноста,
15Ис 40,3.9; 52,7; Рим 10,15и нозете да ви бидат обуени во подготвеност за да благовестите мир.
16А над сѐ, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги изгаснете сите вжештени стрели на лукавиот;
17Ис 11,4; 49,2; 59,17; Ос 6,5; Евр 4,12; Откр 1,16земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо!
18Мт 26,41; Лк 18,1; 1 Кор 14,15-16; Кол 4,2-4; 1 Сол 5,17Со секаква молитва и молба во секоја пригода молете се во духот. Затоа бидете постојано будни со сета истрајност и молитва за сите светии,
19Лк 21,15; Дела 4,29; 28,31; Рим 15,30; Кол 4,3; 2 Сол 3,1и за мене, та, кога ќе ја отворам устата да ми се даде слободно да ја соопштувам тајната на Евангелието,
202 Кор 5,20поради кое сум пратеник во окови, за да го проповедам смело, како што ми прилега.
Последни поздрави21 Дела 20,4; Кол 4,7-8; 2 Тим 4,12 А за да знаете и вие, како сум и што работам, за сѐ ќе ве извести Тихик, возљубениот брат и верен служител во Господ.
22Него го пратив кај вас за да дознаете како сме, и за да ги охрабри срцата ваши.
231 Птр 1,8Мир на браќата и љубов со вера од Бог Отецот и од Господ Исус Христос.
24Благодат со сите што Го сакаат нашиот Господ Исус Христос – во нераспадливост. Амин.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.