1 16,9; 20,24 Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господ.
215,11; 21,2Сите дела на човекот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги испитува душите.
33,5-7Предај ги делата свои на Господ, и твоите намери ќе се исполнат.
411,21Господ направил сѐ со определена цел, а и безбожниците – за судниот ден.
58,13; 11,21Секој горделив по срце е одвратност пред Господ: биди сигурен дека тој нема да остане неказнет.
614,16Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува.
75,21-22Кога на Бога Му се пријатни патиштата на човекот, Тој и со непријателите негови го смирува.
815,16Подобро мала печалба со правда, отколку голема добивка со неправда.
919,21Човекот сам го обмислува патот свој, но Господ управува со него.
За царевите10 24,21-22 Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд.
1111,1Точните мерила и тасовите се од Господ; од него се и сите точни мери.
1220,8; 25,5Незаконското дело е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајакнува.
1314,35; 22,11Справедлива уста на царот му е пријатна, и тој го сака оној, што ја кажува вистината.
1419,12; 20,2; 25,15Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ќе го смилостиви царот.
1520,28Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.
Општествениот живот и моралот16 8,10.19 Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеќе за претпочитување отколку одбрано сребро.
1719,16Патот на праведните е отстранување од злото: кој ги пази своите патишта – душата своја ќе ја запази.
1811,1; 18,12Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надменоста.
1929,23Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.
203,5Кој ја води разумно работата своја, добро ќе најде, и кој се надева на Господ, блажен е.
2124,13-14Мудрите по срце, разумни ќе ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.
2213,14Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е глупост.
2318,4Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, и го умножува знаењето во устата негова.
244,22Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.
2514,12Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.
2613,12Кој се труди, се труди за себе, зашто кон тоа устата го упатува.
276,12-15Лукав човек зло замислува, во устата своја – оган разгорува.
2818,8; 26,20-22Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува.
293,31Злонамерен човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;
3015,11замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајќи си ги усните, извршува зло.
3120,29Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.
3214,29; 17,27; 19,11Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себе, подобар е и од освојувач на градови.
3318,18Ждрепка се фрла во скут, но сѐ што решава таа, од Господ е.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.