2 Тимотеј 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

За последните денови

1 1 Тим 4,1 Но ова знај го: во последните де­н­ови ќе настанат тешки времиња.

2Рим 1,29-31Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,

3непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,

4предавници, пребрзи, надуени, по­веќе сластољубиви отколку богољубиви,

5Мт 7,15.21; 24,4.24; Кол 2,23; Тит 1,16на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!

6Дела 17,21; Тит 1,11Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,

7Јн 8,32; 1 Тим 2,4жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.

81 Тим 6,5Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.

9Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.

101 Кор 13,13Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,

11Дела 13,50; 14,5.19на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.

12Јн 15,20; Дела 14,22; 1 Сол 3,4А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­не­ти.

13А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.

141,5; 2,2Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил,

15Јн 5,39бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.

16Рим 15,4; 1 Кор 10,6; 2 Птр 1,21Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,

172,21за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help