1 Летописи 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Сауловата смрт(1 Сам 31,1-13)

1Филистејците војуваа против Израел, и Израелците бегаа од Филистејците и паѓаа поразени на гората Гелвуја.

2Филистејците го гонеа Саул и сино­вите негови и ги убија Јонатан, Авина­дав и Мелхисуј, синови Саулови.

3Битката против Саул се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.

4Саул му рече на својот оружје­носец: „Извади го мечот свој и убиј ме со него, за да не дојдат тие необрезани и да се подбиваат со мене.“ Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и се фрли врз него.

5Оружјеносецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот се фрли врз мечот свој и умре.

6Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.

7Кога Израелците, што беа во долината видоа дека сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саул и синовите негови, паднати на Гелвуј­ската Гора.

9Го соблекоа Саул и му ја зедоа гла­вата и оружјето, и испратија по земјата филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.

10Суд 16,23Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во храмот на Дагон.

11Суд 21,8И целиот Јавеш Галаадски чу сѐ, што беа извршиле Филистејците со Саул.

12Потоа станаа сите храбри мажи, го зедоа телото Саулово и телата на сино­вите негови и ги однесоа во Јавеш; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавеш и постеа седум дена.

135,25; 3 Мојс 19,31; 20,6; 5 Мојс 18,9-14; 1 Сам 13,13; 2 Сам 1,1Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господ, зашто не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,

1412,23; 1 Сам 13,14а не Го побара Господа. Затоа Тој и го погуби и царството негово го предаде на Давид, Јесеевиот син.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help