2 Царевите Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вовед Втората книга за царевите е про­должение на првата книга со истиот наслов: таа го прикажува владеењето на последните цареви од царствата на Јуда и на Израел.Првиот дел (1–17) нѐ води до распаѓањето на царството Израел, со кое лошо управуваат царевите неверни на Бога. Поради нивната тврдокорност Бог му допушта на Салманасар, цар на Асирија, да тргне во поход на Самарија, главни­от град на израелското царство на север. Тоа се случува во 722 година пр. Христос, кога царот еден дел од населението го одведува во прогонство. Во повеќето глави од овој дел на книгата најмногу е истакнат ликот на пророкот Елисеј, ученик на Илија и негов наследник (2–13).Вториот дел од оваа книга (18–25) го опишува периодот од 130 години, во кој царството на Јуда опстојува самостојно, сѐ до времето кога ца­рот Навуходоносор од Вавилон го освојува на Ерусалим во 587 год. пр. Христос. Тој го разорил храмот и ги одвел во прогонство, односно ги депортирал во Вавилонија најугледните граѓани на Јудеја (25).
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help