Изреки 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 10,7 Подобро е добро име, отколку големо богатство, и подобро е бла­гонаклоност, отколку сребро и злато.

213,8; 29,13Богатиот и сиромавиот се сре­ќаваат еден со друг; и едниот и другиот ги создал Господ.

314,16; 27,12Умниот го гледа злото и го избегнува; а безумните одат невнимателно и тоа скапо го плаќаат.

43,16; 21,20Плодови на смиреноста се: стравот Господов, богатството, славата и животот.

55,22; 11,6По патот на подмолниот – трње и стапици: кој ја пази душата своја, ќе бега од нив.

619,18; 29,17Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари.

718,23Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот.

824,16; Гал 6,7Кој сее неправда, ќе пожнее зло, и прачката на гневот негов ќе исчезне.

914,21; 19,17Милосрдниот ќе биде благословен, зашто им дава на бедните од лебот свој.

1018,6; 26,20Истерај го исмејувачот, и раздорот ќе исчезне, ќе престанат кавгата и на­в­редите.

1114,35; 16,13Оној што љуби чисто срце, и чии зборови се пријатни, и на царот станува пријател.

125,21; 15,3Очите на Господ го чуваат знае­њето, а зборовите на престапникот Тој ги разобличува.

1326,13Мрзливиот вели: „Лав има надвор! Насред улица ќе загинам!“

145,3-5; 23,27Устите на блудниците се длабока бездна: на кого Господ ќе се разгневи, тој ќе падне во неа.

1513,24; 23,13Безумието на детето му е при­врзано за срцето, но прачката ќе го отстрани далеку од него.

1628,8.22Кој ограбува сиромав, за да го ум­ножи богатството свое, и кој му дава на богатиот, – ќе осиромаши.

Разни опомени

17 1,1-7 Наклони го увото и слушај ги збо­ровите на мудрите, и сврти го срцето кон моите зборови,

18зашто ќе се радуваш, ако ги пазиш во срцето свое, и ако ти бидат исто така во устата твоја.

19За да биде твојата надеж во Гос­под, јас ти го покажувам патот.

20Јас ти напишав триесетина совети и поуки,

21за да те поучам на зборовите вистински и добри, та да ги предаваш на оние што те испраќаат.

2214,31; 21,13; 23,11Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, –

23зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни.

2418,7; 29,22Не се дружи со гневлив и не оди со човек жесток,

25за да не се навикнеш на нивните патишта и да не навлечеш стапица на душата своја.

266,1; 17,18; 20,16Не биди од оние, што даваат рака и се заложуваат за туѓи долгови:

27ако нема со што да платиш, зошто да ти ја земат постелата под тебе?

2823,10Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.

2912,24Си видел ли вешт и искусен човек во својата работа? Тој ќе служи на цареви, нема да остане меѓу простите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help